Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Нова сезона и време за првото дерби на Милано, домаќин е Интер, Сан Сиро е целосно распродаден а очекувањата и амбициите на Милан се секогаш исти – ПОБЕДА како единствена опција во градското дерби.
Без разлика на состојбата на табелата, иако Милан не заостанува премногу од топ4, тимот на Гатузо ќе мора да им даде до знаење на играчите дека оваа сезона нема да го имаме тој луксуз да ги губиме сите дерби средби и на крајот повторно да бидеме во трка за место во ЛШ.
Интер по релативно лошиот почеток на оваа сезона, се консолидираше и сега е тим кој игра одлично на два фронта – Калчо и ЛШ па на овој меч Гатузо, од тактичка гледна точка, ќе мора да има перфектен меч за да го изненади Спалети и Милан да ги освои 3-те бодови.

Интер по срамниот пораз од Парма е во низа од 6 победи каде Икарди има постигнато 5 голови и ова јасен показател дека нашата одбрана вечер мора да биде перфектна доколку сакаме да имаме некаква шанса во дербито.
За овој податок веруваме дека се свесни сите во Милан, целокупната одбрана на чело со капитенот Ромањоли но оваа серија каде немаме зачувано “чиста мрежа” веќе предолго трае и дербито е една одлична прилика за тоа, прилика која ќе им даде и дополнителна самодоверба на момците во иднина.
Во последните 6 дерби мечеви на Милан и Интер, нашиот тим има две победи додека тимот на Интер има една и три средби завршиле нерешено.
Последното дерби од минатата сезона воопшто не беше убав меч за гледање, Интер доминираше на секој дел од теренот и Икарди промаши сигурно 3 зицери кои можеа многу да не чинат и искрено се надеваме дека Милан нема да дозволи тоа да се повтори, ќе покаже дека тимот има созреано и е доволно квалитетен да извојува победа во ваков битен дерби дуел.

Ова се и составите кои се шират низ медиумите во Италија па гледајќи го составот на Интер јасно е дека најголемата опасност ќе доаѓа од Наинголан, Икарди и Перишиќ и буквално нашата одбрана ќе мора да биде сконцентрирана во текот на сите 90 минути и нема да бидат дозволиви индивидуални грешки како во случајот со Киево.
Составот со кој се очекува да излезе Милан е лесно предвидлив, тоа е најдобро што нашиот тренер го има на располагање и за овој меч единствена двоумица Гатузо имал за позицијата десен бек но на крајот одлучил да стартува Калабрија.

Средината и нападот се исти, ни треба одлична партија од Биглиа како клучен играч кој ја поврзува средината со нападот, а во нападот крајно време е да профункционира Хакан Чалханоглу.
Лукас Биглиа немаше успешен старт на сезоната но се консолидираше и добрите партии на Милан се во голем дел негова кривица бидејќи одлично го диктира темпото на игра, доста е посигурен во фазата на одбрана и тоа е тоа што му недостасуваше на Милан.
Хакан поминува низ многу лош период во приватниот живот и очигледно тоа се пресликува и на теренот па тренерот Гатузо изјави дека сите се заедно со него, тој ја има нивната поддршка па да се надеваме дека проблемите ќе исчезнат наскоро и ние ќе го гледаме оној стариот Хакан од минатата сезона.

Игуаин и Сусо се дефинитивно двајцата наши најквалитетни играчи од нападот, двајцата се во одлична форма, одлично се разбираат меѓу себе, Сусо е прв асистент во Серија А и навистина оваа сезона ја игра на досега многу високо и квалитетно ниво па ова дерби е одлична прилика сето тоа да продолжи.
За Игуаин нема зошто да трошиме премногу зборови, тој е напаѓачот кој ни фалеше по заминувањето на Ибра и конечно имаме некој кој ќе ги реализира сите тие зицери кои низ годиниве беа големи промашувања.

“Дерби Дела Мадонина” секогаш има посебно значење за нас фановите на овие две екипи, пораз и нерешен резултат никогаш не се опција против лутиот ривал па ние како фанови на Милан вечерва се надеваме на победа и ништо друго.
Се надеваме дека вечер момците ќе влезат без страв во дербито, ќе изиграат одлично во одбрана и во напад и на крајот сите заедно ќе славиме огромна победа!

Forza Milan e andiamo ragazziiiiiii!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!