Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

По завршувањето на репрезентативната пауза, клубскиот фудбал се враќа на Апенинскиот Полуостров и тоа со навистина интересен дуел – Интер против Милан, односно познатото Дерби дела Мадонина. Поради тоа, МиланТВ направи едно мини-интервју со легендата на црвено-црниот дел од Милано, Рикардо Кака, каде покрај Дербито, Рики говореше и за неговиот сонародник и иден играч на Милан, Лукас Пакета.

 

Дербито е навистина специјален натпревар, а атмосферата за време на натпреварот е уникатна. Јас имав среќа, бидејќи мојот прв гол за Милан беше токму против Интер. Ова е натпревар кој има големо значење за двете екипи.

Кака го прославува својот прв гол во дресот на Милан токму против тимот на Интер, 5 октомври 2003

Тренерот не мора многу да го мотивира тимот во ваков натпревар, постои големо ривалство во градот и заедно со тоа, голема мотивација пред секој натпревар. Дали во недела ќе биде Игуаин против Икарди? Не, во недела ќе биде Милан против Интер. Секако, тие се квалитетни играчи кои можат да го решат натпреварот во секој момент.

Рикардо Кака пред натпреварот Милан – Рома, 31 август 2018

Пакета? Тој е играч со блескава иднина. Постојано гледам споредби на млади играчи со мене, Пато, Роналдињо, Кафу и сите бразилци кои настапувале во Милан. Не треба да се прават споредби со претходни играчи, за да може да му се овозможи на играчот да дојде и да игра смирено и без притисок. Се надевам дека Пакета ќе успее во црвено-црниот дрес.

Рикардо Кака како гостин на натпреварот Милан – Австрија Виена, 23 ноември 2017

Договор со Милан за мојата иднина? Зборев со Леонардо и со Паоло Малдини. Во моментов, сум многу блиску до Милан. За сега, тоа е тоа. Мојот приоритет се уште е да бидам блиску до моето семејство, блиску до Лука и Изабела кои имаат 10 и 7 години. Често зборувам со Лео и се обидувам да научам како е да се биде спортски директор. Се надевам дека еден ден ќе работам во Милан како спортски директор.