Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Легендата на Милан, Дејан Савичевиќ, во вторникот беше во Милано и даде кратко интервју за новинарите. Популарниот „Il  Genio“, кој од 2004 година е претседател на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора, играше за Милан во периодот од 1992 до 1998 година, освојувајќи седум трофеи со црвено-црните. Тој говореше за актуелните теми поврзани со Милан, како и за дербито на Милано кое ќе се одигра следното коло.

Ќе видиме што ќе се случуи во дербито со Интер, ми се допаѓа овој Милан. Зошто? Тие играат добар фудбал и постојано растат. Игуаин почна да го постигнува голови  и да го носи тимот. Сусо е задолжен за асистенциите, тие имаат одлично разбирање на теренот.

Последните натпревари ме убедија, тие ќе влезат во дербито со Интер во одлична форма и исто така Милан игра подобро од Неразурите. Милан се фаворити? Дербито е непредвидливо и како и секогаш, може сè да се случи. Погледнете го Интер, ме изненадија. Спалети е одличен тренер, но започна со серија на лоши резултати и неубедлива игра. Потоа повторно застанаа на нозе. Против Спал имаа среќа со пеналот и со два шута ја добија утакмицата.

Кој би го избрал од Икарди и Игуаин во тим? Тие се два различни типа на напаѓачи. Го преферирам Еl Pipita, бидејќи тој постигнува голови, но исто така учествува во играта, тој им помага на своите соиграчи. Икарди е извонреден во финишот, но затоа цел тим игра за него.

 Дали има доволно креативност во денешниот Милан? Секако. Кога имате некој како Сусо на теренот, топката се движи многу добро. Некои го споредуваат Сусо со мене? Сите ние кои преферираме да играме со левата нога сме помалку или повеќе слични. Сигурно Сусо е целосен фудбалер, тој има сè за да стане одличен.

Колку е тежок дресот со број 10 на Чалханоглу? За мене тоа не беше толку многу. Кога почнав да играм, повеќе не размислував за тоа. Тоа е притисок што може да ве стави во неволја, но однадвор не можам да објаснам што се причините за неговиот момент. Хакан има квалитет и тој ќе расте. Но, во овој момент, Милан игра по десната страна со Сусо, но исто така и со Френк Кеси. Тие се играчи кои можат да ги решат натпреварите, заедно со Игуаин и Џакомо Бонавентура.

Овој Милан примил голови во 13 натпревари по ред, а тоа беше речиси невозможно да се случи против мојот Милан. Тоа беше поинаков фудбал од денес и пред се имавме поинаква одбрана, можеби најсилна во историјата на фудбалот. Ги имаше Тасоти и Панучи, Барези, Костакурта, Малдини и сите беа феноменални. А пред нив Рајкард, Анчелоти, Бобан или Албертини.

Гатузо? Тој работи добро, но за тренер резултатите се важни. На крајот од денот, тоа се победите што се бројат. Каков ефект имаат Леонардо и Малдини? Јас сум задоволен со тоа. Со малку време, Лео донесе шампион како Гонзало, во споредба со минатата година кога ги потпишаа Калиниќ и Андре Силва кои не беа играчи за Милан. И сега се надевам дека Леонардо во Бразил ќе најде нов Кака, Тиаго Силва или Пато, како што направи во првите моменти како менаџер. За тоа треба фудбалска интелигенција, мора да добиете добри играчи и да не потрошите многу. Дали имам предлози од црногорските играчи? За сега  не, но ако имам во иднина, тогаш со радост ќе ги предложам на Милан.