Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Изминатава сезона, како и таа пред неа, беше навистина комплицирана за Милан, исполнета со многу успони и падови. Иако голем дел од играчите се веќе на својот заслужен одмор, 8 играчи кои се под договор со Милан ќе имаат настап на претстојното Светско Првенство во Русија.

Новите засилувања во Милан, Пепе Реина и Иван Стриниќ, ќе бидат исто така дел од Мундијалот во Русија. Реина и Шпанија се во иста група со Андре Силва и неговата Португалија, каде покрај тие две репрезентации, се наоѓаат и репрезентациите на Мароко и Иран. Дуелот Реина-Андре Силва ќе се случи веднаш во првото коло, на 15 јуни во Сочи.

ГРУПА Б
Натпревар Стадион Датум и време
 Португалија – Шпанија  Стадион Фишт, Сочи  15 јуни, 20:00
 Португалија – Мароко  Стадион Лужники, Москва  20 јуни, 14:00
 Иран – Шпанија  Арена Казан, Казан  20 јуни, 20:00
 Иран – Португалија  Арена Мордовиа  Саранск  25 јуни, 20:00
 Шпанија – Мароко  Стадион Калинград, Калинград  25 јуни, 20:00

 

Иван Стриниќ, новиот лев бек на Милан, заедно со Никола Калиниќ, ќе бидат дел од селекцијата на Хрватска, која се наоѓа во иста група со Аргентина на Лукас Биглиа. Хрватиските росонери својот прв меч го имаат против Нигерија, на 16 јуни во Калинград, додека пак во истиот ден во Москва, Биглиа ќе се соочи со селекцијата на Исланд.

ГРУПА Д
Натпревар Стадион Датум и време
 Аргентина – Исланд  Стадион Спартак, Москва  16 јуни, 15:00
 Хрватска – Нигерија  Стадион Калинград, Калинград  16 јуни, 21:00
 Аргентина – Хрватска  Стадион Нижни Новгород, Нижни Новгород  21 јуни, 20:00
 Нигерија – Аргентина  Арена Волгоград, Волгоград  26 јуни, 20:00
 Исланд – Хрватска  Арена Ростов, Ростов-на-Дон  26 јуни, 20:00

 

Репрезентативецот на Швајцарија и нашиот стартен лев бек, Рикардо Родригез, се наоѓа во навистина тешка група и во првото коло ќе се соочи со големиот фаворит за титулата, селекцијата на Бразил. Групата Е ја комплетираат селекциите на Србија и Коста Рика, кои ќе бидат голема конкуренција на Швајцарија во борбата за пласман во елиминационата фаза.

ГРУПА E
Натпревар Стадион Датум и време
 Бразил – Швајцарија  Арена Ростов, Ростов-на-Дон  17 јуни, 20:00
 Србија – Швајцарија  Стадион Калинград, Калинград  22 јуни, 20:00
 Швајцарија – Коста Рика  Стадион Нижни Новгород, Нижни Новгород  27 јуни, 20:00

 

Помеѓу тие 8 играчи е и Карлос Бака, кој иако е се уште играч на Милан, неодамна изјави дека сака да остане во Виљареал. Тој ќе биде заедно со Кристијан Запата во тимот на Колумбија, која се наоѓа во Група Х и за противници ги има репрезентациите на Јапонија, Полска и Сенегал.  Првиот меч за Колумбија е на 19 јуни против селекцијата на Јапонија.

ГРУПА Х
Натпревар Стадион Датум и време
 Колумбија – Јапонија  Арена Мордовиа  Саранск  19 јуни, 14:00
 Полска – Колумбија  Арена Казан, Казан  24 јуни, 20:00
 Сенегал – Колумбија  Арена Самара, Самара  28 јуни, 16:00