Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

На само еден ден пред почетокот на Светското Првенство, сите очи се вперени кон Русија и репрезентативниот фудбал. Италијанската јавност ова лето ќе биде помалку заинтересирана за ова големо натпреварување, бидејќи Италија беше најголемото разочарување и не успеа да обезбеди виза за Русија. Директорот на Милан, Марко Фасоне, во кратко интервју за Милан Њуз, даде свое мислење за падот на италијанската репрезентација, како и предлог решенија за повторно враќање на италијанскиот фудбал онаму каде што припаѓа.

Како решение за константниот пад на италијанската репрезентација, ние веднаш предложивме промоција на Б-тимовите, преку кои младите таленти ќе добијат поголема минутажа. Во Милан, младинскиот погон секогаш го добивал потребното внимание, дури и си претходното раководство. Сакаме да продолжиме по истиот пат, каде ќе можеме да формираме Б-тим кој ќе биде од огромно значење за младите играчи. Кога странува збор за Б-тимови, Милан е еден од предложувачите на оваа идеја, заедно со Јувентус. Околку средина на јули ќе ја добиеме одлуката за тоа дали клубовите во Италија ќе добијат свои Б-тимови, преку кои ќе имаат можност да извршат добра евалуација на својот младински погон.

Јувентус? Во моментов, ние сме позади Јувентус, мора да го земеме нивниот пример и да го интегрираме нивниот успешен систем. Седум титули по ред се одличен резултат за Јуве, но исто така значи дека Сериа А е помалку компетитивна. “Фамилијарниот” модел веќе не постои во италијанскиот фудбал. Милан и Рома се одлучија за странски сопственици, додека пак Интер тоа го стори два пати. Почнувајќи од 2013, Милан и Интер се соочија со тешка ситуација, бидејќи тогаш бизнис климата беше поразлична и беше потребно повеќе време. Интер се за нијанса пред нас, за 5 години тие направија се за да бидат конкурентни и оваа година тоа им успеа, со квалификувањето во Лигата на Шампионите.

Ако Милан или Интер го напушти Сан Сиро, тоа мора да се случи на добар начин. Ако ги следиме новите правила, можеме да добиеме одобрение за градење нов стадион за 12-18 месеци и од 2022/2023, можеме да имаме нов стадион. ТВ правата? Пред 6 години, Италија беше веднаш позади Англија според приходот од ТВ правата. Сега Лига 1 (прва француска лига) со нивниот неодамна склучен договор ја надмина италијанската Сериа А. Нашиот модел повеќе не функционира, а Сериа А како лига можеше да биде многу подобра во изминатите години.