Сѐ подалеку од пласман во ЛШ!

by Filip

[et_pb_section bb_built=”1″ admin_label=”section”][et_pb_row admin_label=”row”][et_pb_column type=”4_4″][et_pb_post_title admin_label=”Post Title” title=”off” categories=”off” comments=”off” featured_image=”off” custom_margin=”-85px||-5px|” custom_padding=”|||” meta=”on” author=”on” date=”on” featured_placement=”below” parallax_effect=”off” parallax_method=”on” text_orientation=”left” text_color=”dark” text_background=”off” text_bg_color=”rgba(255,255,255,0.9)” use_border_color=”off” border_color=”#ffffff” border_style=”solid” /][et_pb_text admin_label=”Text”]
По одличниот старт на летото со засилувања кои ветуваа, полека почнува да се руши, како кула од карти, се она што беше зацртано како главна цел на овој нов Милан – пласман во Лигата на Шампионите.

Слично беше и вчера против Јувентус. Мал блесок во првите 10 минути и потоа оној стар Милан, без никаква идеја, никаква хемија меѓу играчите. А сите знаевме дека тоа нема шанси да помине неказнето против Јувентус. Така, во 23-тата минута Игуаин успешно стрелаше за 0-1 против лежерната одбрана на Милан. До крајот на првото полувреме јалова иницијатива, освен двете шанси на Калиниќ од кои во таа баш пред полувремето беше повеќе од ветувачка. Да беше миленикот на Монтела малку поприсебен и реализираше, сигурно дека текот на натпреварот ќе беше поинаков.

Во второто полувреме, иако се очекуваше реакција на Монтела во насока на поофанзивен и пред се далеку посериозен пристап, повторно бевме сведоци на еден летаргичен Милан, без идеја и без жар. Сите надежи за било каков позитивен резултат ги згасна Игуаин во 63-тата минута кога со одличен потег ја исфрли одбраната на Милан, биеше прецизно и го совлада Џиџо за конечни 0-2 и ново разочарување оваа сезона.

Проблемот е што, за разлика од минатата сезона каде бевме свесни дека немаме тим за посериозни успеси и далеку пониски очекувања, Монтела и тимот беа на едно повисоко ниво. Делуваа поорганизирани, прикажуваа далеку подобри изданија, особено во дерби натпреварите. За жал, сезонава, наспрема сите тие летни трансфери, Милан по 11 одиграни средби има 5 порази. Разочарувачки е што од тие 5 порази, дури 4 се во директни средби со конкурентите за ЛШ и највисок пласман. И токму поради тоа фановите ширум светот очекуваат отказ за Монтела и се надеваат дека со таква промена, со шок ефектот кој би го предизвикала ситуацијата, ќе се смени и атмосферата во Миланело и конечно тимот ќе заигра како што се очекува.

Факт е дека Монтела нема вечно да ја ужива довербата на Фасоне и Мирабели, но тука се поставуваат двете клучни прашања: До кога би требало да се толерираат лошите резултати? И дали доколку се реагира сега ќе можеме да се вратиме во борба за топ 4? Сите ние имавме големи очекувања од Монтела поради неговите изданија од минатата сезона, најмногу поради допадливиот фудбал извлечен од просечна екипа, но и освоениот Супер Куп против Јувентус. Сепак, се чини дека сме едногласни дека оваа фудбалска тортура мора да заврши што е можно побрзо.

Монтела потфрли на секое можно поле досега. Имаше доволно време да ја пронајде формацијата, имаше доволно време да го прифати фактот дека со 3-5-2 и исфрлање на нашиот најдобар играч Сусо од тимот нема да успее да направи ништо позитивно. Сега се чини е доцна за тоа. Сега, очекуваме реакција од менаџментот. Во следните 3 натпревари кои се исклучително тешки, а воедно и клучни за нашата сезона, очекуваме промени во Милан, промени во пристапот на играчите за да го фатиме последниот воз кој води кон нашата цел – Лигата на Шампионите.

За крај и за да не биде текстов комплетно негативен, ќе го споделам единствениот светол момент од Дербито. Момците кои се секогаш тука за Милан, секогаш оригинални и секогаш на ниво – Curva Sud Milano!

English translation of the banner: “The Champions Cup, the dream, the big nightmare”

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

You may also like

Leave a Comment