[et_pb_section bb_built=”1″ admin_label=”section”][et_pb_row admin_label=”row”][et_pb_column type=”4_4″][et_pb_post_title admin_label=”Post Title” title=”off” categories=”off” comments=”off” featured_image=”off” custom_margin=”-85px||-5px|” custom_padding=”|||” /][et_pb_text admin_label=”Text” background_layout=”light” text_orientation=”left” use_border_color=”off” border_color=”#ffffff” border_style=”solid”]
Втората пречка кон „новиот“ Милан е натпревар во главниот град на Сардинија против истоимениот противник, Каљари.
Оваа година започна одлично за нашиот миленик, иако можеби тоа не го кажува резултатот од само 1-0 против далеку послабиот Кротоне. Но, Милан ја контролираше играта во текот на целиот натпревар, а што е уште поважно, летните засилувања почнаа да играат онака како што сите сакавме и очекувавме. Се чини дека Гатузо направи одлична работа во овој краток период како е тренер на Милан и успеа победничкиот менталитет од неговиот Милан да го пренесе на сите играчи. Она што особено ме радува од претходниот меч, беше речиси перфектната игра на сите играчи, за што зборува и фактот дека дури тројца од нив според whoscored.com се најдоа во тимот на колото!

Нашиот капитен, Леонардо Бонучи, можеби малку на среќа, го постигна својот гол првенец во тимот на Милан. И што е уште поважно, одигра перфектно на секој дел од теренот: снајперски точни долги топки, бедем во одбраната, движење низ целиот терен, капитенски и мотив плус за секој играч да го даде својот максимум. Биља станува тој играч кој ни беше потребен и кој го баравме целата сезона, оној кој е во составот на аргентинската репрезентација и кој беше во Лацио. Хакан Чалханоглу се чини дека ја пронајде својата форма после долгото отсуство од фудбалскиот терен, доминираше по левата страна од нападот, одлични пасови по целиот терен.
Што се однесува до овој натпревар, Гатузо повторно се очекува да истрча на теренот во 4-3-3 формација и без поголеми промени од претходните утакмици.

Гатузо на тренинг ја тестираше оваа формација со Абате по десната страна. Сепак, според Скај Калабриа ќе го започне мечот во недела и морам да се сложам со оваа одлука. Стварно сметам дека, додека Конти се опорави од повредата и врати во првиот тим, Гатузо не треба да има дилеми помеѓу овие двајца играчи, Калабриа доволно се докажа изминатите утакмици и според повеќе медиуми беше играч на натпреварот со Кротоне. Едноставно треба да биде стандарден на десната бековска позиција. Исто така, одлуката да игра Калиниќ како стартен напаѓач не ми се допаѓа. Зарем не покажа во изминатиот период дека не е на ниво на задачата? Зарем Кутроне не е подобро решение од него? Друго, веќе неколку пати на тренинг Гатузо игра со Кутроне и Андре Силва по левата страна. Сметам дека е конечно време да им се даде шанса на нив од самиот почеток на натпреварот. Посебно ако станува збор за послаб противник условно кажано. Новите Инзаги и Кака да почнат да везат во нападот, да ги реализираат безброј шансите кои ги создава Милан, нештото што фали во текот на целата сезона. Искрено се надевам дека во недела Гатузо секпак ќе се одлучи за нив двајца. Што се однесува до останатите позиции, би рекол стандардно. Биља се наметнува како подобро решение од Монтоливо, Кеси стандарден по средината на теренот, Сусо по десната страна во нападот. Доколку Чалханоглу се повлече поназад, на чие место би бил Андре Силва, Бонавентура може да го загуби местото во стартниот состав, но неретко тој бил џокер од клупата. Се на се, имаме причина да веруваме во овој Милан дека може да стрела на висок пласман, без разлика на очајната прва полусезона.
Forza Milan!
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]