Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Милан и во вториот меч оваа година одигра одлично и оствари победа од 1-2 на тешкото гостување на Сардинија. Херој на мечот беше популарниот “Frank the Tank” кој ги постигна двата погодоци за Милан. После натпреварот, Мистер Гатузо и Франк Кеси зборуваа со новинарите.

Мојот тим покажа дека е во добра форма последните 3-4 натпревари. Тешко е да се игра на овој стадион и ние го знаевме тоа. Каљари е тим кој многу лесно може да ве доведе во незгодна позиција. Беше доста комплициран натпревар. Мојот тим покажа дека знае да игра со топка многу добро, иако сеуште има простор за подобрување.

Игравме квалитетен фудбал во првото полувреме. Благодарение на Калиниќ, игравме добро и во нападот. Креиравме многу шанси, но мораме да се подобриме во реализацијата. Нашите крила завршија одлична работа денес, добро ја следеа играта и оставија многу малку простор на противничките играчи. Овој тим има огромен квалитет. Гледам огромна одговорност од момците и чувство на припадност кон Милан!

Позицијата на табелата? Ние се фокусираме на секој натпревар поединечно, го немаме тој луксуз да си дозволиме да правиме пресметки во врска со пласманот. Се уште треба да изминеме долг пат.

Гатузо повторно говореше и за трансфер пазарот:

Имаше простот и овој преоден рок да доведеме некои нови играчи, но јас го замолив менаџментот само да остане истиот тим, бидејќи верувам во овие играчи. Некои од нашите момци се многу млади и се уште можат да се подобрат и да направат многу за овој тим.

Главниот виновник за победата и двојниот стрелец Френк Кеси за Милан ТВ изјави:

Среќен сум за тоа како бевме подготвени за овој меч и исто така сум и горд. Ова беше важна победа за нас и за нашиот пласман во лигата. Секогаш е тешко да се игра на гости во Каљари, но ги сакавме трите бода по секоја цена.

Го почнавме натпреварот на десна нога. Откако примивме гол, не го намаливме интензитетот со кој напаѓавме и бевме доволно силни за да го свтриме натпреварот во наша корист. Дали сум специјалист за пенали? Нема тајна, кога и да треба да изведам пенал, прво го гледам противничкиот голман.

Сега треба да се фокусираме на натпреварот со Лацио и мора да оствариме позитивен резултат. Кога го носиш дресот на Милан, секогаш мора да размислуваш на победа. Ние сме вистински тим!

Навистина, дресот на Милан значи гордост, страс, љубов, извор на неизмерна среќа, но и тага и сплотеност во тешките моменти. Фудбалски великани го имаат носено тој црвено-црн дрес низ богатата историја и секако треба да се заслужи. Момци, веруваме во вас и во овој Милан, ајде заеднички да го вратиме на врвот на Eвропа!

TU SEI TUTTA LA MIA VITA! FORZA MILAN PER SEMPRE SARA!