Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Кога ќе се чуе името Паоло Малдини, кај секој еден Роснорер се будат едни посебни чувства. Легенда на Милан, безвременска икона на клубот со кој буквално ги освои сите можни трофеи, меморија на која со радост се навраќаме. Вечниот капитен на црвено-црните за Газета дело Спорт и Скај зборуваше за актуелната состојба во клубот, тренерот Џенаро Гатузо, како и за неговите планови во иднина.

Секако дека патот кој треба да го помине Милан ќе биде долг. Рино за сега врши одлична работа. Тој од самиот почеток, кога се нафати да биде тренер на првиот тим на Милан знаеше дека ситуацијата е комплицирана и дека му треба време. Но, оние кои имаа среќа да играат под водство на Саки, Капело и Анчелоти се доста добро тактички потковани и ако имаат барем малку мозок, сигурно ќе бидат добри тренери.

Меѓутоа, ова не е истиот Милан на кој е навикнат Гатузо. Има друг менаџмент, други играчи и фудбалот не е само тактика. Фудбалот е жртва, менталитет, желба да бидеш дел од еден тим.

Џанлуиџи Буфон се доближува кон рекордот на Малдини за одиграни натпревари во Серија А, па на прашање на новинарите на Газета дело Спорт тој изјави:

Буфон?! Тој има само 40 години?! Невозможно… Се шегувам секако. Џиџи е најдобриот голман во последните 30 години и тој се уште нема објавено кога ќе се пензионира. Ќе ми биде голема чест ако го сруши мојот рекорд за најмногу одиграни натпревари во Серија А.

На крај, Малдини зборуваше и за неговата иднина и сигурно овие зборови ќе му се допаднат на секој навивач на Милан:

Да се биде тренер не е само познавање од тактика, туку и начин на пренесување на одредени вредности. Милан беше и се уште ми е страс. Сега не одам толку често на Сан Сиро, но секако дека го следам клубот. Сепак, син ми Даниел игра таму, за Алиеви тимот на Милан – младинците до 17 години.

Нова авантура? Точно е дека изборот за мојата понатамошна професионална кариера е ограничен. Секако дека мојот избор би или националниот состав или Милан. Не можам да се замислам себеси да работам за друг клуб, а тоа да не е Милан.

Ти посакуваме многу среќа во понатамошната кариера капитену, што и да се одлучиш да работиш утре. Но, сепак сме со надеж дека твојот избор ќе биде нашиот Милан, и колку што беше добар како играч, ќе бидеш исто толку добар и на тренерското место или на некое од менаџерските позиции.

C’E’ SOLO UN CAPITANO!