Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Во текот на 90те и почетокот на 2000та година, Италија беше домот на најдобрите фудбалери на светот. Серие А беше лигата во која доаѓаа сите талентирани играчи од целиот свет, меѓу кои беше и еден португалски играч кој со својот талент успеа да постави нови граници во фудбалската игра. Денес, во нашата рубрика во која се враќаме во минатото, ќе зборуваме за маестро Мануел Руи Коста!

Роден во 1972 година, своите први фудбалски чекори ги направил во Бенфика, која го забележала неговиот талент многу рано и решиле веднаш да го донесат во своите редови, каде подоцна ќе прерасне во една од најголемите португалски ѕвезди. Футсалот е страшно популарна игра во Бразил и Португалија. Тоа е игра составена од два тима со 5 играчи која се игра во сала, со топка која е помала и потешка во однос на фудбалската. Овие карактеристики овозможуваат развиваање на вештини како прием на топка, брзи додавања и брзо размислување. Легендата на фудбалската игра, Пеле, го смета футсалот како важен дел од развитокот на фудбалската игра: ,,Футсалот прави да размислуваш и играш брзо и прави се да е толку лесно кога ќе се префрлиш на фудбал. Во футсалот, еден погрешен потег може да биде многу значаен”. Оваа игра имала огромно влијание врз Руи Коста во неговата младост и е една од причините за фудбалскиот развиток на Мануел.

Во Италија, во 90те, Фиорентина била екипа која пополека креиралал сериозен тим. Заспаниот гигант започнувал да се буди во родното место на Леонардо да Винчи, со засилувања како Брајан Лаудруп, Франческо Баиано и Габриел Батистута. Мануел Руи Коста потпишува за Фиорентина во 1994та година, со што тимот од Фиренца бил подготвен за својата фудбалска Ренесанса! Во лига преполна со 10ки од светска класа, Руи Коста многу брзо го покажува својот талент, откако го наследил бројот 10 од големиот Роберто Баџо. Со својата грациозност и хипнотизирачка уметност, Мануел станал комплетен плејмејкер, кој можел да ,,изгради палата” од ништо. Телепатската поврзаност помеѓу него и Батистута,  за брзо ги трансформираше во еден од најпознатите и најквалитетните тандеми во италијанската Серие А. Заедно, дуото  не само што два пати Куп на Италија и еден СуперКуп на Италија, туку го освои тоа со стил, на фантастичен начин.

Руи Коста ќе биде запаметен не само поради работите кои ги освоил туку и поради начинот на кој го остварил тоа. Италијаните имаат и свој збор за тоа. Sprezzatura – да правиш нешто да изгледа како да си го направил со голема леснотија и без многу потешкотии, иако тоа реално не е така. Пред секој натпревар, за Руи Коста се морало да биде на место – масло на косата, залепена лента под коленото, спуштени чорапи и дрес изваден надвор од шорцевите. Тој беше олицетворение на италијанскиот фудбалски стил. Неговите ритуали пред мечот го ослободуваа умот, овозможувајќи му да оперира на теренот со невидена грациозност.

Во 2001 година, тогашниот тренер на Фиорентина, Фатих Терим или Imperatore, го превзема Милан и со него го носи Мануел Руи Коста за сума од 44 милиони евра, понуда која Фиорентина просто не може да ја одбие. Коста го замени Батистута за Инзаги, а Инзаги го замени Зидан за Руи Коста.  Знаете, италијанскиот фудбал живее и умира со својата препознатлива одбрана, филозофија развиена уште од времето на легендарниот Хеленио Херера. Милан тоа време беа солидни во одбраната, со играчи како Малдини и Костакурта, но работата на Руи Коста беше да додаде шарм и грациозност на нападот на Милан. Северот на Италија веќе ги имаше Ферари, Ламборџини и Масерати, а сега го има и Мануел Руи Коста.

Во Милан тој заработи уште еден надимак – Il Maestro, алудирајќи на лидерот/диригентот на музичка филхармонија. Работата е што тој не беше баш класичен диригент, туку повеќе како спонтан џез музичар.  Руи Коста никогаш не го достигна предвидуваниот врв кога пристигна во Милан, но во никој случај не значи дека неговиот престој беше неуспех. Баш напротив, Мануел со Милан освои повеќе трофеи, меѓу кои и оној најзначајниот – Лига на Шампиони, во сезоната 2002/2003.

Таа сезона, Милан беше во група со тимот на Галактикосите од Мадрид, во кои беше и некогашната ѕвезда на Калчото и ривал на Мануел,  Зинедин Зидан. Милан го освои првото место во групата, најмногу благодарение на победата дома над Реал Мадрид од  1-0, која вклучуваше вон-сериска асистенција на миленикот на Сан Сиро, Мануел Руи Коста. Во тоа време, Мануел беше можеби најдобриот асистент во светот на фудбалот!

 

Нажалост, неговото влијание во Милан беше намалено поради повредите и доаѓањето на бразилецот Кака, туркајќи го Руи Коста од неговата омилена позиција во поповлечена плејмејкерска позиција во средниот ред, заедно со Андреа Пирло.  Тој се уште воодушевуваше со својата класа, кога и да му се пружеше шанса, но беше тешко да се успее во така силен ростер на Милан.

Откако беше јасно дека за него веќе нема место во Милан, Мануел Руи Коста се реши да се врати онаму каде што започна – Бенфика. Иако неговите најдобри фудбалски денови беа позади него, Руи Коста беше влијателна фигура во тогашниот состав на Бенфика, помагајќи му на неговиот тим да се пласира во Лигата на Шампионите со помош на неговите два гола, пред конечно да стави крај на својата гламурозна фудбалска кариера.  По пензионирањето, Мануел стана Директор на Фудбалот во Бенфика. Фановите на Бенфика се надеваат дека тој ќе остане во нивните редови до крајот на животот, можеби во иднина и како претседател на клубот.

Тој играше на таков начин што не потсетуваше колку фудбалот може да биде прекрасен. Кога на Естадио да Луж, за последен пат го напушти теренот, целиот стадион плачеше, што е доволен доказ за каков уникатен играч станува збор. За време на неговите играчки денови, неговиот идол Мишел Платини беше фудбалерот кој се спомнуваше при било каква споредба. Денес, Руи Коста е еден од играчите кои не може да се споредат со никој – еден фудбалски Битлс!