Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Главниот доктор на клубот, Џанлука Мелегати даде неделен извештај за повредените играчи, откривајќи дека Абате се здобил со повреда за време на тренинг, додека опоравувањето на Андреа Конти се одвива според планираното.

Отсега, па до крајот на првата полу сезона во Серија А, Милан ќе се сретне со тимови кои се моментално под нив на табелата и ако Росонерите сакаат да стигнат до едно од местата кои водат во Европа, ќе мораат повеќе да се потрудат и да освојат што повеќе бодови.

Додека ситуацијата во Серија А е загрижувачка, во Лига Европа и не е така лоша. Веќе во четврток, доколку АЕК Атина не успее да победи, а „ѓаволите“ обезбедат победа над Австрија Виена, ќе го осигураат пласманот во следната фаза. Како и да е, Монтела ќе мора да се снајде без некои играчи кои се недостапни поради повреди и настинки.

„Сусо? Тој се опоравува многу брзо после ударот под неговата бедрена коска. Од претпазливост, тој денеска не тренираше со останатите фудбалери од тимот. Но мислам дека ќе биде спремен во текот на следните денови и ќе биде подготвен да игра, најверојатно уште во недела.“

„Со Ромањоли не е ништо сериозно. Тој има само обична настинка која го врза за кревет со мала температура. Но знаејќи го Алесио, мислам дека ќе се опорави многу брзо.“

„Абате беше принуден да го напушти тренингот порано денес, но за среќа не е нешто сериозно. Почувствува оптовареност на ахиловата тетива. Имаше болки, затоа и го напушти тренингот порано, за да може да добие медицински третман.“ Според ова, се очекува Борини да почне како десен бек во четврток.

„Калабриа? Давиде продолжи со тренинзи, од денес и со топка. Оптимисти сме, но многу е рано да се каже кога ќе биде потполно опоравен. Проблемот е деликатен, бидејќи во прашање е неговиот лев зглоб (кој што го повреди предходната година) и затоа мораме да бидеме претпазливи. Секако, сакаме да се опорави потполно, особено поради тоа што се случи претходната сезона.“

„Опоравувањето на Конти се одвива според планираното, со некои помали потешкотии кои се вообичаени после операција за ваков тип на повреда. Во секој случај, неговото опоравување е според планираното и тој изјави дека му било кажано дека ќе се врати на теренот во март. И тоа не прави многу среќни.“

„Да не заборавиме на Рикардо Родригез кој тренира редовно, но сакам да кажам дека тој е опоравен од настинката поради која го пропушти предходниот меч, но сега тој е потполно опоравен.“