Трансфер периодот заврши и лигата започна, но Елиот продолжува да работи на доведување нови лица, овој пат во менаџментот на клубот. Вчера во Каса Милан се одржа состанок на бордот на директори, каде беше присутен и претседателот на клубот, Паоло Скарони, кој по состанокот изјави:
Состанокот помина во најдобар ред, а јас немам никакви грижи за Милан. Разговаравме за УЕФА но и за други работи, кои се исто така од голема важност.
Според Milannews.it, тие “други работи” се однесуваат за позицијата Извршен Директор (ЦЕО) во Милан, каде кандидат бр.1 е сегашниот ЦЕО на Арсенал, Иван Газидис. Според La Repubblica, Елиот му понудил на Газидис 4 милиони евра годиншно за да биде новиот извршен директор на Милан.
Иван Газидис скоро 10 години е дел од Арсенал, а MilanNews.it тврди дека тој во моментот се обидува да најде спогодбен начин за да се раздели од лондонскиот клуб. Конечниот одговор се очекува да пристигне во текот на септември. Иако повеќе медиуми шпекулираат дека Умберто Гандини е резервната варијанта на Иван Газидис, MilanNews.it тврди дека сегашниот ЦЕО на Рома е подготвен да го напушти клубот од Рим и да се врати во Милан, од каде си замина во 2013 година, откако работеше 23 години во ерата на Силвио Берлускони.
Газидис или Гандини, кој ќе биде финалниот избор на Елиот и Скарони, ќе дознаеме многу набрзо, уште во текот на следниот месец.