Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Разочарувачки пораз во Неапол и нов тежок меч за нашиот Милан но овој пат на Сан Сиро против екипата на Рома, победа како единствена опција за да не се повтори минатата сезона.
Момците на Џенаро минатиот викенд прокоцкаа солидна предност од 2 гола во Неапол, терен на кој ретко некоја екипа има таква предност, и во овој дерби меч влогот е премногу голем за повторно да дозволиме такво нешто.

Позитивна работа за овој меч е тоа што се враќа Хакан Чалханоглу, кој беше суспендиран за мечот против Наполи, а покрај тој новитет во тимот се очекуваат уште неколку промени кои се уште не се потврдени но има низа на шпекулации низ медиумите овие денови.
Една од тие промени е доста логична поради очајниот меч на Калабрија но тоа што ги загрижува сите е фактот дека алтернатива, додека не се опорави Конти,  за таа десна бековска позиција е Абате.
Последната промена во составот според медиумите може да се случи исто така во одбрана па на местото на Мусакио да стартува супер талентираниот Калдара но тој потег е меч со две острици и таков ризик на Гатузо, според нас,  во дерби меч се уште не му е потребен.
Калдара целата своја кариера настапува во системот со тројца централни дефанзивци и сигурно ќе му треба време да се навикне на овој систем и да почне да игра како што знае и умее.

 


За овој дерби натпревар се очекуваат преку 60,000 фанови на Сан Сиро каде овој тим на Гатузо ќе мора да докаже дека има созреано и дека е кадарен да се вмеша за борба за ЛШ .
Меѓу сите тие фанови вечер на Сан Сиро ќе биде и Рикардо Кака, неофицијално само во посета на градот и неговите пријатели Леонардо и Малдини но шпекулациите во медиумите велат дека ќе има состанок за дефинирање на улогата на Кака во овој нов Милан на Елиот.

За крај исто толку битна работа е и пристапот на играчите, не смее во ниеден случај да се повторат тие срамни 30 минути со Наполи,минути каде екипа со нашето реноме губи сигурни 3 бода на жешкото гостување во Неапол.
Цврсто, смирено и пожртвувано до 3-те бода денес, исто како минатата сезона во Рим.

Forza Milan e andiamo ragazziiiiiiiiiiiiiiiiiiiii!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!