Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Во првиот натпревар од оваа сезона, Милан доживеа болен пораз од Наполи на гостувањето на Сан Паоло. Водство од 0-2 и за само половина час, пресврт и победа на Наполитанците со резултат од 3-2. Грешките во везната линија, статичните бекови и можеби недоволното искуство си го направија своето. Меѓутоа, ова е само почеток, а Милан покажа дека знае да постигнува голови и да игра без респект и против најсериозните кандидати за Скудетото оваа година. Токму денешниот натпревар ќе биде уште еден тест за момците на Гатузо. Првиот домашен натпревар за оваа сезона и дерби против Рома на Сан Сиро.

Гатузо зборуваше на пресконференција околу натпреварот.

“Рома се промени од последниот пат кога се соочивме со нив, а и ние сме различни. Би сакал да го видам мојот тим како во првите 55 минути против Наполи. Сепак, Рома е противник со различни карактеристики. Тие имаат брзи играчи. Мораме да бидеме внимателни со Џеко и со нивната добра поставеност. Сепак, треба да се фокусираме на нашата игра и да се обидеме да бидеме смирени во текот на целиот натпревар.”

“Сакаме да играме на противничката половина. Не е точно дека нашата одбрана игра премногу длабоко. Ние само треба да притиснеме напред веднаш штом ќе се ослободиме од притисокот на противникот. Наидовме на голем пораз во Наполи и треба да се вратиме назад. Бев задоволен што момчињата работеа многу напорно во текот на неделата. Играме дома, таму ќе има 60.000 фанови на Сан Сиро и ние треба да сториме сé за да не ги направиме грешките што ги направивме во Неапол.”

“Со Игуаин играме подобро и ни овозможува да играме длабоко на теренот. Многу сум задоволен од неговото минато. Сепак, знаеме дека треба да му дадеме поголема поддршка во последните 20 метри. Чалханоглу може да биде решение. Многу често тој знае да пресече назад и да направи опасни додавања во центарот на противничкиот шеснаесетник, што може да ја направи разликата. Кога Игуаин ја имаше топката во Неапол, тој речиси никогаш не ја загуби. Мораме да го пронајдеме на теренот.”

“Некои луѓе не разбраа што реков за Бакајоко. Забележав дека е вознемирен кога го видов на тренинг после последниот натпревар. Не го обвинував. Јас никогаш не го правам тоа на моите играчи. Мислам дека не е лесно да се игра во нова лига и да се навикне на нови работни методи. На него му треба време, тоа е сè. Бакајоко, како и целиот овој тим веќе многу напреднаа и среќен сум.”

“Дали Калдара ќе игра од самиот почеток? Ќе видиме. Лаксалт може да игра на различни позиции, но тој е со нас само две недели. Саму Кастиљехо е играч кој може да ја одлучи утакмицата. Тој е и брз и вешт. Тоа е импресивно. Се навикнува на нова методологија на работа и добро се вклопува. Тој се смее и се шегува и работи многу напорно. Кастиљехо може да ни даде нешто посебно.”

“Нашиот проблем не е тактиката. Тимот може да игра во 4-2-3-1, 4-4-2 или 4-3-2-1. Моите играчи можат да играат секако и ќе видиме со време ако се потребни промени. За сега, ние ќе продолжиме да играме во истиот систем. Освен тоа, мора да се подобри поседот на топката, но најважно е тоа што го одржуваме смиреноста во текот на целиот натпревар дури и ако направиме грешка.”