Се започна идеално, се очекуваше совршен старт на новата сезона за Милан. Сепак, покрај водството од 0-2, благодарение на прекрасните голови на Џек Бонавентура и Давиде Калабрија, Наполи успеа да го сврти резултатот во своја корист и да победи со резултат 3-2. По последниот свиреж на судијата, Рино Гатузо, стрелецот на вториот гол Калабрија и нашиот спортски директор Леонардо, дадоа свое видување за стартот на новата сезона.
ЏЕНАРО ГАТУЗО
Го контролиравме натпреварот до 55 минута. Разбирливо е да се направи грешка, но не и да се исчезне од теренот. По првиот примен гол, ние престанавме да играме. Навистина штета, бидејќи дадовме се од себе. Како и минатата сезона, така и сега, нашиот главен проблем е тоа што не успеваме да го контрлираме натпреварот. Игуаин ни помогна за да го отфрлиме притисокот од противниците. Очекуваме многу од него, но за да постигнува голови потребно е да му асистираме.
ДАВИДЕ КАЛАБРИЈА
Се чувствува притисокот кога играш на овој стадион. Сепак, се додека не го примивме првиот гол, ние игравме солиден и добар натпревар. Бевме на добар пат, но бевме казнети поради нашите грешки. Психичкиот дел во фудбалот е многу важен, ако успеевме да издржиме подолго без да примиме гол, мечот ќе беше различен. Тоа е фудбалот.
ЛЕОНАРДО
Игравме добро во првиот час од натпреварот. Ја контролиравме играта, нешто што не е воопшто лесно овде на Сан Паоло, а потоа дури успеавме да го зголемиме нашето водство. Потоа, пристигна првиот примен гол, тимот беше погоден психолошки и не успеа да реагира соодветно. На крај, покрај нашите големи залагања, ние завршивме со горчлив пораз.
Ова е само почетокот. Да гледаме на светлата страна, се уште имаме простор пред нас. Новите засилувања од неодамна се приклучија на тимот и тренираа само неколку дена заедно. Ни треба време за да им помогнеме да се адаптираат на најдобриот можен начин, иако да бидеме реални, немаме баш многу време на располагање. За нас, ова беше краток трансфер период каде моравме да делуваме внимателно и брзо. Со малце време, тие ќе ја покажат својата вистинска вредност.