Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Милан можеби ги имаше највозбудливите две години во својата историја. Берлускони го препушти клубот на кинеските инвеститори на чело со Јонгхонг Ли, ветувајќи дека Милан повторно ќе ја достигне својата стара слава. И се’ се одвиваше според планот: се инвестираа средства, се донесоа докажани луѓе на одговорините функции во клубот, се променија 10 првотимци, но повторно крајниот резултат беше Лига Европа. Дали премногу очекувавме поведени од сета таа еуфорија, нешто што го сонувавме со години или раководството погреши потпишувајќи не толку докажани фудбалери, веројатно никогаш нема да дознаеме. Нивната ера во клубот заврши брзо и неславно. Кинеските инвеститори беа мета на италијанските медиуми во текот на целата година, ширејќи шпекулации за нивната финансика моќ и намери околу најдобриот италијански клуб. За жал или за среќа, беа во право: последната рата од долгот кон Елиот фондот не беше исплатена и Елиот ја презеде контролата над клубот.

Следуваше повторно период на транзиција и несигурна иднина. Леонардо беше поставен како одговорен во спортскиот дел на Милан, а многу набрзо и првите проблеми за него. Капитенот и играчот кој требаше да биде симбол на новиот Милан, сака да се врати назад во својот стар клуб, Јувентус. Леонардо успева како замена да го донесе Калдара, млад и еден од најперспективните италијански бекови Калдара. А дел од договорот е и Игуаин, докажан напаѓач од кој очекуваме да не врати на врвот на европскиот фудбал.

Јаготката на шлагот беше Паоло “il capitano vero” Малдини, кој после долги години се врати со функција во клубот. Почитувајќи го финансискот фер плеј, Милан потпишa уште со неколку играчи кои треба да додадат на квалитетот на клубот и да го изборат долго посакуваното место во Лигата на шампионите.

Гатузо се одлучува за проверениот модел, 4-3-3. Каде Мусакио ја завзема позицијата на Бонучи, а на Биглиа, Кеси и Бакајоко ќе припадне средниот ред. Џек поради суспензијата на Чалханоглу од претходната сезона, ќе игра како офанзивно лево крило со Сусо од десната страна и Игуаин истурен во нападтот. Очекуваме игра без страв и респект, игра каде Милан ќе докаже дека може да се носи со секој противник и ќе покаже дека конкурира за највисок пласман. Конично имаме ротација на повеќе позиции, сигурна и перспективна иднина и мотив за повеќе. Со Наполи е првиот тест.

Преку трње до ѕвезди! Forza Milan!