Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Во премиерниот натпревар за оваа сезона, Милан го очекува едно тешко гостување во Неапол. Поради трагедијата во Џенова, првото коло помеѓу Милан и Џеноа беше одложено и момците на Гатузо ќе имаат тешка задача да дојдат до трите бода и старт каков што сите очекуваме од нашиот миленик.

Во пресрет на натпреварот, денес попладнето, Гатузо одржа прес конференција во Миланело. Тој зборуваше за Карло Анчелоти, натпреварот против Наполи, очекувањата од новиот Милан, како и на сите актуелни теми за кои беше запрашан од новинарите.

Карло и јас сме во одлични односи. Тој беше повеќе од тренер за мене, јас би го викнал во моите најтешки времиња. Можам само да научам од него. Печатот вели дека имаме различни карактери, но Карло како играч беше борец, последниот човек кој ќе се предаде. Како тренер, тој беше сличен на Нерео Роко, тој разговара со играчите после тренинзите, ќе остане со нив колку и да треба и никогаш не сум слушнал дека некој каже  лош збор за Карло.

Се надевам дека добро ќе играме во Неапол и ќе однесеме позитивен резултат дома. Сакам да го видам мојот тим со голема самодоверба, со што притисокот ќе се префрли кај Наполи. Не сакам момците да се плашат од противниците. Наполи имаат играчи кои веќе долго време играат заедно. Карло се обидува да направи некои промени во својот тим, играјќи повеќе длабоки пасови, но сепак е многу сличен на тој на Сари. Минатата година ја завршија сезоната со 90 поени и тоа не е случајно.

Јас сум најсреќниот човек на светот и сум во голем клуб. Се навикнав да работам под притисок, роден сум два месеци предвреме. Имаме конкурентен тим. Можеме да бидеме посилни од минатата сезона, но ни треба време. Потпишавме нови играчи, а некои доаѓаат од странски лиги. Ние немаме многу време, но ако успееме да ги направиме вистинските работи во вистинското време, можеме да станеме навистина силен тим. Игуаин е еден од првите десет напаѓачи во светот, но победите доаѓаат од тимска работа. Бакајоко повеќе се користи за играње во средина со двајца или како централен дефанзивен играч од средниот ред. Тој е навистина динамичен играч и бев навистина импресиониран од тоа колку е брз. Кастиљехо е играч кој доаѓа од средина со сосема поинаков стил на игра. Тој е различен од другите напаѓачи. Има добра техника, особено кога забрзува. Калдара не е навикнат на играње во одбрана со 4-ца, но тој има одличен менталитет и желба секогаш да стори повеќе.

Ја започнуваме сезоната против две навистина силни тимови и ова може да биде тешко, но мора да мислам позитивно и да го наметнете овој менталитет кај момците. Милан во трката за титулата? Не сеуште. Нашата цел е да го подобриме шестото место од минатата сезона и да влеземе во Лигата на шампионите. Паоло и Лео носат свеж воздух во Миланело. Тие навистина делуваат мотивирачки за момците. Јас сум тренер, тие се менаџери, други имаат други улоги. Сите се држиме до сопствената улога. Не смееме да бараме изговор и мораме да дадеме се од себе за да го подобриме овој нов проект во Милано. Ние трениравме напорно. Подготвени за новата сезона и полни со енергија, иако има уште простор за подобрување. Примавме премногу голови, само погледнете во Реал Мадрид како постигна гол во 45-тата минута.

Сакавме да го задржиме Андре Силва, и клубот и јас не сакавме да го продадеме, но сакаше да замине по секоја цена и кога играчот сака да оди, не можете ништо против неговата волја. Игуаин отсекогаш бил на врвот на листата на играчи што сакавме да ги потпишеме. Патрик мора да работи со голема желба, не смее да размислува за играње или не. Тој треба да биде паметен. Имаме тројца напаѓачи вклучувајќи го и Борини кој веќе играше на оваа позиција. Имаме и тројца голмани и можам да ви кажам дека еден ќе игра во едно натпреварување, а другите во преостанатите две. 

Ќе биде тешка сезона. Јуве има освоено 7 титули во изминатите 7 години, а сега го потпишаа и играчот кој заедно со Меси е најсилниот во светот. Интер и Рома се посилни. Кристијано Роналдо и другите нови играчи можат да додадат на вредност за Серија А.

Запата е повреден, може да тренира, но играчот, јас и медицинскиот персонал решивме да му дадеме одмор за да спречиме да ја повтори повредата што може да го остави 3-4 месеци надвор од терените. Монтоливо е се уште повреден. Тој знае дека приоритет имаат други играчи во моментов, но и тој е дел од нашиот тим.

Кога го сретнав Гордон Сингер, тој ми кажа да не верувам во тоа што новинарите пишуваат за мене во изминатиот месец и половина, дека клубот верува во мене и да продолжам да работи напорно. Разговаравме за потпишување на нови играчи и успеавме го сториме тоа и целта е да го подобриме пласманот од претходната година Подобрување, тоа е клучниот збор.