Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Спортскиот директор на Милан, Леонардо, по враќањето на Паоло Малдини најави можно враќање на уште една легенда на црвено-црниот клуб од Милан, враќање на бразилецот Рикардо Кака. Рики Кака најави дека ќе биде во Неапол во сабота за да го проследи натпреварот против Наполи на Карло Анчелоти. Тој за Газета дело Спорт дискутираше за неговото можно враќање во Милан, за трансферот на Кристијано Роналдо и за Златната Топка.

 

Помошник и практикант на Леонардо? Мојот приоритет во моментов е да бидам со моите деца, Лука и Исабела, кои се се уште млади и живеат во Сао Пауло. Лука има 10 години, а Исабела само 7. За мене е навистина тешко да ги напуштам, па затоа во моментов не барам никаква позиција. Јас морам да учам, да ги разберам и научам механизмите на работата која е нова за мене. Ќе започнам курс за Спортски Директор во Бразил и веднаш чим можам, ќе присуствувам на тренерските курсеви во Коверчано, чисто за да се комплетирам себеси.

Рикардо Кака во собата со трофеи во Мондо Милан Музејот, при неговата посета на Каса Милан, 23 ноември, 2017 година.

Дали се гледам себеси на теренот, како тренер? Искрено, не. Се гледам себеси повеќе како директор, како Леонардо. Што го донесе Леонардо назад во Милан? Искуство, интернационални контакти со ФИФА и УЕФА, со големите клубови.. Лео има направено буквално се, го има прошетано светот. Тој е навистина интелегентна личност и знае како да управува со голем тим. Што може Паоло Малдини да додаде кон новото раководство на Милан? Малдини е историја, тој е симбол. Во светот, ако зборите за Милан, тогаш зборите за Паоло Малдини, и обратно. Не би сакал да зборам ништо за претходното раководство, со кого имав некакви контакти, но ова раководство има нешто поинакво, бидејќи ова раководство го врати црвено-црниот идентитет на клубот. Рино е оној кој носи енергија, тој е личност која никогаш не се предава. Тоа беше така кога беше играч а сега гледам дека истото е и како тренер.

Паоло Малдини, Кака, Кларенс Сидорф, Џенаро Гатузо и Андриј Шевченко за време на финалето на Лигата на Шампионите против Ливерпул, 25 мај 2005 година.

Овој Милан? Ова е тим кој сериозно се обидува да се врати назад во ‘големиот фудбал’. Според мене, не треба да се занемари Лига Европа бидејќи по елиминацијата во Лигата на Шампионите, тоа натпреварување станува уште посериозно и победата ќе биде фундаментална за клубот. Милан беа навикнати на други работи во Европа? Знам и ги сфаќам фановите, јас сум еден од нив. Но првата цел е да се забележи успех,па после евентуалниот триумф во Лига Европа доаѓа Европскиот Супер Куп. Никогаш не вели никогаш – погледнете ги Атлетико Мадрид, кои ги победија Реал Мадрид. Дали може Милан до Скудетото оваа сезона? Идеалната цел е експресно враќање во Лигата на Шампионите. Јувентус имаат огромен квалитет, тие се навикнати да победуваат и се навистина организиран клуб. На хартија, тие се најсилниот тим во лигата, но многу работи можат да се случат и да се размислува големо е дел од идентитетот на овој клуб.

Кака и Кристијано Роналдо за време на натпреварот Реал Мадрид – АПОЕЛ на Сантијаго Бернабеу, 4 април 2012 година.

Каков е Кристијано Роналдо? Неговиот трансфер е огромна предност за италијанскиот фудбал, тој со себе носи гледаност, спонзори и медиска заинтересираност од целиот свет. Кристијано со себе носи многу работи за италијанскиот фудбал како целина, не само за Јувентус.  Некои велат дека Роналдо се однесува како ѕвезда во соблекувалната? Апсолутно не. На почетокот (во Реал Мадрид, 2009 год), имаше група на луѓе кои говореа португалски: Пепе, Марсело јас и Кристијано. Кристијано е навистина пријателска личност и сака да се дружи со останатите играчи. Тој со себе носи позитивна енергија и Јуве направија одлична зделка со неговото доаѓање во Италија. Покрај тоа, тука е и неговото маниакално грижење на своето тело и неговиот професионализам, кој ќе го одржи во врвот на фудбалот уште многу години.

Рикардо Кака за време на церемонијата на доделување на Златната Топка за 2015 година во Цирих.

Златната Топка? Светското Првенство неодамна заврши и успехот на Франција е во фокустот на фудбалската јавност. Килиан Мбапе е навистина силен играчи и ја има целата кариера пред себе. Ако треба да именувам име надвор од двајцата играчи кои од 2007 до сега ја освојувале Златната Топка, би рекол Лука Модрич. Оваа година тој имаше импресивни резултати: тој ја освои Лигата на Шампионите повторно и играше во финалето на Светското Првенство со Хрватска. Тој е играч кој креира и раководи со играта.