Сезоната 2000-2001 не беше од оние најдобрите за Милан. Беа сменети дури три тренери: Алберто Закерони, Чезаре Малдини и Мауро Тасоти. Доживеавме пораз од Јувентус со 3-0, од Фиорентина 4-0, од Виченца 2-0, два пати од Перуџа со по 2-1 и ред други разочарувачки резултати. Милан сезоната ја заврши на шесттата позиција, а веројатно единствената светла точка во тимот беше Андриј Шевченко. Тој ја заврши сезоната со најмногу постигнати погодоци: 24 во Серија А и 33 вкупно од сите натпреварувања. Но и покрај лошата сезона, Derby della Madonnina или дербито на Милано има секогаш еден посебен шмек.
Беше тежок период за Милан, но се уште беше во игра за едно од првите четири места кои водеа во Лигата на Шампионите. Росонерите во претходното коло изгубија од Перуџа, а Интер со 3-0 извојува победа над Аталанта. Битка за превласт во градот, место во Лигата на шампионите и секако, престиж. Сето ова беше влогот тој 11-ти мај 2001 година.
Сан Сиро преполн, а Fossa dei Leoni, кои беа ударна навивачка група на јужната трибина во тој период, припремија одлична кореографија, спремни да го бодрат Милан до самиот крај на натпреварот и да му помогнат да извојува уште една победа против лутиот градски ривал. Но ретко кој го очекуваше она што се случи тој ден.
Интер фигурираше како домаќин иако најчесто тоа не значи ништо во овие големи дерби натпревари. Правдата ја дели еден од најдобрите италијански судии на сит времиња – Пјерлуиџи Колина.
Интер истрча во формација 3-5-2, додека Чезаре Малдини, се одлучи за посигурната и класична 4-4-2 формација, со Себастијано Роси на голот, Хелвег, Костакурта, Роке Жуниор и Паоло Малдини во одбраната. Средината им припадна на Гатузо, Џунти, Каладѕе и Сержињо, а нападот беше резервиран за Џани Командини и Андриј Шевченко. Натпреварот за Милан започна одлично, веќе во втората минута Сержињо се обиде да го пронајде Командини во шеснаесетникот на Фреј, но овој малку задоцни и резултатот остана 0-0. Но не за долго. Веќе во наредната минута, повторно Сержињо се проби по левата страна, асистирајќи до Командини кој овојпат беше на место, стрелаше со левата нога и го отвори резултатот. Милан од третата минута води со 1-0.
Интер проба да врати барајќи пенал после наводниот фаул на Малдини над Виери, но очигледно беше дека немаше контакт за Колина да свири на белата точка. Во 19-тата минута, повторно изградена акција на Милан: Роке Жуниор испрати долга топка до Каладѕе кој ја проследи до Сержињо по левата страна, Сержињо нафрли и повторно го пронајде Командини во шеснаестеникот, кој со глава ја смести топката во мрежата на Фреј. Втор гол за Командини и предност од 2-0 која Милан ќе ја задржи до крајот на првото полувреме. Интересно, тие 2 беа единствените голови кои Командини ги постигна во дресот на Милан.
Второто полувреме започна во права фудбалска атмосфера, магла над теренот на Сан Сиро од безброј навивачки факели. Интер ја имаше првата шанса, Занети се проби по десната страна, но неговиот обид да пронајде некој од напаѓачите по средина на шеснаестникот беше блокиран од Роке Жуниор и Интер не успеа да ја намали предноста на Милан. Во 53-тата минута, Џунти, по фаулот над Шевченко, со прекрасен слободен удар од огромна далечина го донесе Милан во водство од 3-0. Играчите на Интер изгледаа безмалку изгубени на теренот, градскиот ривал има предност од 3-0.
Тука Милан не запре, забавата продолжи во 66-тата минута кога Шевченко постигна гол со глава, повторно по асистенција на Сержињо. После десетина минути, по асистенцијата на Каладѕе, Шевченко уште еднаш биеше прецизно за големо водство на Милан од 5-0. Јаготката на шлагот беше последниот гол, тројниот асистент и можеби најдобриот поединец на натпреварот, во 81-вата минута постигна гол за историски Интер 0-6 Милан! Сержињо испиша историја!
До последниот свиреж, за издвојување уште еден момент – навивач на Интер се симна од трибините на теренот и му пријде на Костакурта, молејќи го да престанат веќе да даваат голови. Доволно се болни и овие 6-0.
За црвено-црните фанови, кои биле сведоци на две елиминации на Интер во Лигата на шампионите, на дерби победи во финалиња на Лига купот и Суперкупот на Италија, сепак, најубавото дерби е она одиграно на 11-ти мај 2001 година. Што точно се случи тогаш и како едно навидум обично дерби влезе во историја, можеби никогаш нема да дознаеме. Голманот на Интер, Себастијан Фреј неколку години подоцна ќе изјави: „Тоа беше чуден натпревар, тоа беше како ние да имавме само една нога и тие три бели дробови“. Секој еден Росонер со радост се присеќа на сликата од семафорот – Интер 0-6 Милан.
11 maggio 2001
e questa data non la scorda piu nessuno,
ma soprattutto, l’azzurronero
perche quel Derby l’abbiam vinto 6 a 0!
Poveri pirla, vi conosciamo
voi che credete d’esser gli ultras di Milano
ma sempre muti, cariche zero
piu che una curva voi sembrate un cimitero!
E Inter merda, Inter Inter merda….
11 мај 2001
е дата која нема да се заборави,
од никој, но посебно од плаво-црните
бидејќи во дербито ги победивме со 6-0
Јадни сте, ве познаваме
вие што си мислите дека сте „ултрасите на Милано“
секогаш сте тивки, и никаква креативност
Повеќе личи дека сте на гробишта него на трибина
И Интер..
Да! Оваа дата никогаш нема да ја заборавиме, Милано обоено во црвено-црно!
Ma alla finne la storia vera, che Milano a’le rossa e nera!