Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Џенаро Гатузо попладнево ја имаше својата прва прес конференција како тренер на првиот тим на Милан. Беше придружуван и најавен од извршниот и спортскиот директор Фасоне и Мирабели. Пресот го отвори Фасоне кој накратко се осврна на заминувањето на Монтела, на тоа кога и како се донела одлуката за неговиот отказ, но исто така изрази благодарност до Монтела за се што направи за Милан во текот на 17-те месеци како тренер на Милан. Зборувајќи за Гатузо, Фасоне меѓудругото кажа:

“Џенаро Гатузо не е привремено решение. Неговото поставување како тренер не е импровизација. Тоа беше најдобрата одлука што можевме да ја донесеме во овој момент. Џенаро го знае овој клуб подобро од било кој и од моментот на неговото враќање во Милан, беше одличен во улогата која му беше доделена. Ова е ново поглавје во нашата сезона и момент кој ќе ни помогне да гледаме на иднината со повеќе оптимизам. Уверени сме дека Рино ќе се снајде одлично на новата позиција и ќе ја искористи најдобро што може. За неговиот успех, ќе зборуваме и анализираме на крајот на оваа сезона.”

Освен за Гатузо, Фасоне со став и за неговиот соработник и спортски директор на Милан, Масимо Мирабели:

“Мирабели беше мојот прв избор за позицијата која ја има во моментов и комплетно верувам во него. Има одлични технички способности, конкретни цели и добро знае што работи и што сака да постигне.”

Следеше делот со прашања од новинари, на кој одговараа Гатузо и Мирабели.

ЗА ПРВИОТ РАБОТЕН ДЕН НА НОВАТА ПОЗИЦИЈА

“Ова е исклучително важен ден во мојата кариера и чувствувам огромна одговорност. Комплетно сум уверен во квалитетот на екипата, која е составена од многу интернационалци, но и млади играчи. Ова е тежок период за клубот, но јас сум сигурен дека ги имаме сите предуслови да работиме добро и да испорачаме резултати.”

ЗА ТИМОТ

“Мислам дека ќе продолжиме да играме со одбрана составена од 3 стопери. Кога станува збор за Монтела, ние имавме одлични односи, иако имаме различни стилови на водење на екипата. Тој преферира да ја држи топката во посед и со многу додавања да дојде до шанса, додека јас инсистирам на повертикална, подиректна игра.”

ЗА ПОЗИЦИЈАТА НА ТАБЕЛАТА

“Би сакал да размислувам и разговарам натпревар за натпревар, коло за коло. Моментално фокусот е ставен на мечот со Беневенто и мора да размислуваме на овој натпревар како да имаме финале на Лига на шампиони пред нас. Мој приоритет е да работам на психолошкиот аспект на тимот.”

ЗА ГОЛГЕТЕРСКАТА КРИЗА

“Тимовите кои сум ги водел секогаш примале многу малку голови, иако не постигнувале премногу. Веќе почнавме да работиме на прекинување на голгетерската криза во тимот и покрај тоа што на натпреварот со Торино имавме еден куп шанси за гол.”

ЗА ПРИМАВЕРА

“Момците од Примавера веќе се одлични личности. Тоа е многу важна екипа, многу важен дел од клубот. За мене беше навистина тажно да ги напуштам, затоа што никогаш не сум имал проблем со никој од нив. Би бил многу среќен да ја имав можноста да го завршам тоа што го почнав со нив, но се надевам дека сите ме разбирааат, ова е уникатна прилика за мене. Сакам да им заблагодарам на момците, затоа што научив многу во таа екипа.”