Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Мирабели: “Му благодариме на Монтела и неговиот тим. Денес беше тежок ден, но со овој потег се обидуваме да го размрдаме тимот. Одлуката беше донесена во неделата вечер, откако бевме во комуникација со Кина после натпреварот. Во текот на разговорот беше одлучено тоа што го соопштивме во понеделникот.”

Фасоне: “Гатузо не е привремен тренер. Тој е најдоброто можно решение за Милан во овој момент. Џенаро добро знае што е неговата улога и задачи. Благодарни сме на Монтела и од личен и од професионален аспект. Даде се од себе да го зацврсти овој тим на Милан. Но сепак, нешто во тимот не функционираше, беа направени грешки од сите вклучени страни во проектот. Во секој случај, најважно беше да се донесе одлука во конкретен момент, наместо да не се реагира и да се чека работите да се поправат сами од себе.”

“Во врска со јануарскиот траснфер период, немаме потреба да се вклучиме, барем не засега. Екипата е добра, но не е градена за освојување на Скудетото, туку за пласман во Лигата на шампионите. Убеден сум дека можеме да испорачаме подобри партии од тоа што сега го пружаме. Нашиот просек на освоени бодови не ни 1.5 по натпревар, а очекувањата беа многу поразлични од тоа. Сепак, уверени сме дека со Рино, нашиот просек ќе се подобри и тимот ќе го достигне потенцијалот за кој се надевавме и работевме пред почеокот на сезоната.”