Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

После серијата лоши и разочарувачки резултати и нерешениот резултат против далеку послабиот Торино, Винченцо Монтела доби отказ од тренерското место во Милан. Џенаро Гатузо беше прекомандуван за тренер на првиот тим, а Алесандро Лупи го превзеде водењето на Милан Примавера.

Алесандро Лупи од 2011 година беше тренер на младинските категории во Милан. Во претходната година, тој успеа со Милан У-16 да ја освои титулата во Италија. После одличните резултати прикажани во младинските категории, во 2017 година, беше именуван за тренер на Милан У-17. Овој тим го водеше на само 9 натпревари и поради новонастанатата сетуцаја, тој стана тренер на Милан Примавера.

Лупи преферира да игра во формација 4-3-1-2 и во 9-те натпревари оваа година има искористено дури 23 играчи. Алесандро, кој сега го завршува курсот за УЕФА лиценца А во Коверчано, во Примавера пристигнува со целиот свој тим.

После 10 одиграни кола, Росонерите се наоѓаат на третото место на табелата, со заостанување само со 3 бода од градскиот ривал и лидер на табелата, Интер. Лупи продолжи со добрите резултати на Милан Примавера и веќе во својот прв натпревар во Примавера Купот на Италија, ја победи Фиорентина со убедливи 4-0.

Му посакуваме среќа на Алесандро Лупи и се надеваме дека Милан Примавера годинава, после пауза од 53 години, ќе освои својата втора титула во ова натпреварување.