[et_pb_section bb_built=”1″ admin_label=”section”][et_pb_row admin_label=”row”][et_pb_column type=”4_4″][et_pb_post_title admin_label=”Post Title” title=”off” categories=”off” comments=”off” featured_image=”off” custom_margin=”-85px||-5px|” custom_padding=”|||” /][et_pb_text admin_label=”Text” background_layout=”light” text_orientation=”left” use_border_color=”off” border_color=”#ffffff” border_style=”solid”]
После одличниот резултат против Австрија Виена, мечот против Торино беше предвиден за почеток на рехабилитацијата на Милан и почеток на една серија добри резултати. Но, очигледно е дека „banter“ ерата не си замина заедно со Галијани и Берлускони.
Монтела се реши сепак да го остави на клупа двојниот стрелец Кутроне, а да му даде шанса на неговиот миленик, Калиниќ. А Хрватот, му врати на „најдобар“ можен начин – три промашени сто процентни шанси за гол! Ќе бидам малце дрзок и ќе кажам – Никола Калиниќ беше директниот виновник за овој лош резултат, кој е еднаков на пораз. Тимот на Винченцо Монтела, не успеа да го победи Торино кој се наоѓа во страшно лоша серија. А за шанси, имавме. Најмногу Калиниќ, кој од меч во меч покажува и докажува дека Милан згреши што реши да го замени Карлос Бака. Исто така, треба да се спомне изданието на Џек Бонавентура. Слободно можам да кажам дека Џек буквално го немаше никаде на натпреварот. Блед, очаен и страшно себичен, се зборовите со кои би го опишал неговото издание.

Се редеа шанси, Милан притискаше, но гол не видовме. За нотирање е и моментот дека Милан не успеа да даде гол на Сан Сиро, веќе 4 мечеви по ред. Тој податок доволно говори за состојбата на тимот. Од 14 натпревари, само 20 поени досега. Премалку, за тим каков што е Милан. И нормално, тука се поставува логичното прашање – што треба да се смени? Јасно е дека тим со 11 нови играчи има потреба од трпение и малце воигрување, но ова што го гледаме сега не индицира дека има напредок. Монтела упорно ги форсира своите замисли, кои до сега, се покажаа како страшно лоши. Исто така и формацијата. Убаво е да се проба формација со тројца во одбрана, но кога после 10на натпревари нема никаков успех, редно е да се смени нешто. Во таква формација, најмногу трпи досега најдобриот играч на Милан, Сусо. На денешниот меч беше приморан да игра како десен крилен бек. Не би додавал ништо повеќе за него. Од друга страна пак, Милан конечно почна да покажува карактер, ја имаше иницијативата, одбраната одлично функционираше, везниот ред со Кеси и Монтоливо одлично си ја заврши работата, се создаваше играч плус во текот на целиот натпревар. Рикардо Родригез после малата „криза“ почна повторно да игра одлични партии, да го оправудва епитетот на еден од најдобрите офанзивни бекови во свет!
Навивачите бараат смена на Монтела, повеќе шанси за Кутроне и Силва, смена на формација. Монтела бара верба и трпение. Но едно е јасно. Сите ние бараме и очекуваме резултати. Со секој изминат меч, Милан тоне се повеќе и повеќе. Доста е!

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]