Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Викендов, во рамките на 14 коло, Милан против Торино одигра нерешено без голови и не успеа да ги искористи киксовите на Рома, Лацио и Сампдорија. По мечот, на стандардната прес-конференција беа присутни Монтела и Монтоливо. Во продолжение, ќе ви пренесеме дел од зборовите на Монтела и Монтоливо.

МОНТЕЛА:

Го контролиравме натпреварот, противникот оствари шут кон голот дури во 85та минута. Тимот креираше шанси, го држеше темпото на високо ниво, но го имаше расположениот Сиригу на голот на Торино. Тимот се подобрува кога е во посед, но и кога е без топка. Бројките не лажат. Јас мислам дека тимот се подобрува иако сеуште ни недостасува последниот чекор. Фановите не поддржуваа во текот на целиот натпревар, тие дури и му аплаудираа на Монтоливо и јас сум многу среќен поради ова. Јас и тимот, мора да ги прифатиме и свирежите од публиката после резултат 0-0 на Сан Сиро.

Преку напорна работа, ние заедно ќе ја надминеме оваа ситуација. Имавме незгодни ситуации сезонава, како и денес каде имавме ново отсуство на истата позиција (Борини). Мора да ја подобриме завршницата. Треба да работиме напорно и јас сум убеден дека ние можеме да го оствариме и тој последен чекор. Сеуште имаме време, јас не сметам дека не може да се достигнат тимовите кои се над нас. Свирежите кон Калиниќ? Тој го има правилниот пристап, тој е несебичен играч и му помага на тимот. Никола е напаѓач и со голови лесно може да ги освои срцата на фановите.

 

МОНТОЛИВО:

Ние сме разочарани со резултатот. Против нас имавме расположен голман и ни фалеше малку среќа за да го отвориме резултатот. Имавме повеќе шанси за да дадеме гол, но во вакви ситуации е уште потешко. Ни фали смиреност, но ова е поради резултатите.  Мора да работиме напорно и јас сум сигурен дека ќе им се вратиме на победите на Сан Сиро.Публиката на Сан Сиро има високи очекувања, фановите на Милан сакаат победи и истото го покажаа денес. Овие работи се случуваат, на Никола (Калиниќ) му недостасуваат голови, но никој не може да го критикува за неговата пожртвуваност и работата на теренот. Тој мора да продолжи со напорната работа затоа што е квалитетен играч и сигурен сум дека ќе се врати на постигнувањето голови.