Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Последен меч за оваа сезона и доста битен за нашите европски планови кои за жал не ја вклучуваат елитната Лига на Шампиони туку 2 сезони по ред ќе мораме да се задоволиме со натпреварување од втор ранг.

Интересен и тежок меч не очекува на Сан Сиро денес против секогаш незгодната Фиорентина, која во последно време бележи позитивни резултати и дојде на чекор до излез во Европа иако беа во огромен дел од сезоната беа премногу далеку од истото.
Исто така би сакале да издвоиме и еден застрашувачки и разочарувачки податок, а тоа е дека Милан, за прв пат во својата историја, 5 сезони во низа е надвор од топ 4. Ова е еден алармантен податок за кои новата управа мора да вложи многу напор и средства и конечно од следната сезона Милан да се врати онаму каде што му е местото во домашното првенство.

За мечот со Фиорентина иако имаше најави дека Лукас Биглиа, по незгодната повреда со која неодама се здоби, ќе биде поштеден но сепак сето тоа се смени по неочекуваната повреда на Сусо и тој беше вклучен во составот па доколку има потреба ќе му помогне на својот тим во последниот меч кој одлучува за нашиот настап во Лига Европа.

Со повредата на Сусо, едно од ретките квалитетни крила во тимот, тренерот Гатузо ќе се соочи со огромни проблеми и затоа најавата за промената на формацијата во 4-3-1-2 беше очекувана и според официјалниот состав е потврдена.

На голманската позиција и во одбраната нема никакви промени, а додека во средината стартува Локатели заедно со Кеси и Џек а веднаш пред нив како треквариста ќе игра Хакан Чалханоглу.
Во нападот друштво на Кутроне ќе му прави Калиниќ а шанса од клупата повторно ќе чека Андре Силва, кој иако влезе во добра серија и беше доста корисен за тимот со своите голови кои ни донесоа битни бодови повторно е заборавен од страна на Гатузо.

За крај се надеваме на позитивен резултат за заокружување на оваа нова разочарувачка сезона, веќе 7-ма во низа ако броиме добро, и искрено се надеваме на одлично трансфер лето со квалитетни и измерени засилувања кои повторно би не вивнале високо во Италија па и во Европа!

Forza Milan! Andiamo ragazzi!!!!!!!!