Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Минатото трансфер лето, Милан и двоецот Мирабели/Фасоне беа главна тема, успевајќи да донесат дури 11 нови играчи за околу 200 милиони евра. Но ова лето, ситуацијата е дијаметрално спротивна. Марко Фасоне веќе изјави дека Милан мора да го почитува Финансискиот Фер Плеј, што значи можните засилувања ќе бидат финансирани преку продажба на дел од постоечките играчи. Покрај Фасоне, свое мислење за актуелното трансфер лето даде и спортскиот директор Масимилијано Мирабели, кој потврди дека ова лето ќе се водат по логиката “прво продади па потоа купи”.

Новата сезона? Лани имавме големи потешкотии, но сега започнуваме од ново за новата сезона. Се надеваме дека оваа сезона ќе биде одлична. Работните обврски? Ние практично не ни имавме одмор. Работиме веќе подолго време и се надеваме на позитивен исход. Трансфер пазарот? Потребно е разјаснување: Низ медиумите слушнавме различни имиња, а јас би сакал да им посочам на фановите да не ги следат тие шпекулации. Ние имаме јасни идеи, прво ќе работиме на продажба а потоа ќе размислуваме за купување. Никој нема да си замине, ниту пак некој ќе дојде, без одобрување на Гатузо. Ова ќе биде Милан на Џенаро Гатузо, а ние мора да бидеме смирени. Ако се прашувам јас, би го задржил постоечкиот тим, освен ако не дојде некој играч кој навистина ќе донесе промени со себе. Лани сакавме да изградиме млада база на играчи, а оваа година имаме потреба од искусни засилувања.

 

Успеавме да постигнеме договор со Бока Јуниорс за трансфер на Густаво Гомез, кој покрај Бока, има заинтересирани тимови и во Италија. За Калиниќ заинтересирани се екипи од Турција, Русија, Германија и Шпанија. Атлетико Мадрид и Севиља се можеби најблиску до него. Симоне Заза? Ние не размислуваме за купување играчи бидејќи во моментот не знаеме со какви ресурси располагаме. Целава ситуација е како кога си гладен а си некаде надвор, го отвараш својот паричник и гледаш внатре пред да одлучиш што ќе јадеш, дали сендвич за носење или кавијар и шамапањ во некој отмен ресторан.

Милан до сега успеа да донесе три нови засилувања – Пепе Реина, Иван Стриниќ и Ален Халиловиќ, кои пристигнаа како слободни играчи.