Роко Комисо за преговорите со Јонгхонг Ли околу продажбата на Милан

by admin

Повторно хаотично лето за легендарниот италијански клуб, Милан. Црвено-црната половина од Милан, второ лето по ред како се занимава со сопствеништвото на клубот, додека неговите ривали се навистина активни на трансфер пазарот. Новиот сопственик на Милан, кинескиот бизнисмен Јонгхонг Ли, може набрзо да стане поранешен сопственик на клубот. Како што пренесуваат повеќе светски медиуми, Ли е веќе во преговори со повеќе страни за продажба на дел од клуот. Една од тие страни е и американецот со италијански корени, Роко Комисо, кој според медиумите, до пред некој ден беше најблиску до купување на клубот. Меѓутоа, во меѓувреме, се случиле одредени работи кои ги успориле преговорите за купување на клубот. Поради тоа, Роко Комисио и неговиот тим, се реши да излезе во јавност и да ја раскаже нивната приказна за овие преговори, па во продолжение ви го пренесуваме нивното соопштение, во целост.

 

Како што веќе беше претходно објавено на бројни медиуми и на социјалните мрежи, Роко Комисо е во преговори за купување на управувачкиот пакет акции во АЦ Милан. Повеќето од овие вести околу купопродажбата содржеа информации кои доаѓаат од непотврдени извори и вообичаено не беа прецизни. До сега, тимот на Роко Комисо кој работи на купопродажбата се воздржуваше од давање било какви изјави околу процесот, со цел да се одржи поволна клима за склучување на зделката. Но, господинот Комисо мисли дека е време милионите фанови на АЦ Милан да дознаат како стои работата околу договорот.

Господинот Комисо работеше напорно заедно со своите советници да издејствуваат договор кој ќе биде од корист на клубот, неговите верни навивачи, неговите сопственици и целата Милан заедница. Но, и покрај неговите напори и општото мислење дека договорот околу купопродажбата е постигнат, се чини дека Хан Ли не е спремен да ја прифати понудата во догледно време. Имајки ја во предвид страста на господинот Комисо за фудбалот и за неговата родна Италија, ова за него претставува навистина несреќна ситуација. Како и да е, тој се надева дека завршницата на оваа сага ќе доведе до стабилизирање на легендарниот клуб.

You may also like

Leave a Comment