Лео Бонучи: Целта на Милан е враќање во ЛШ!

by Daniel

Леонардо Бонучи му се приклучи на Милан минатото лето и веднаш ја доби капитенската лента, правејќи трансфер од лутиот ривал Јувентус. Неодамна, низ Италија можеа да се чујат бројни шпекулации во врска со иднината на Лео во Милан, доколку Милан биде исфрлен од Лига Европа поради прекршување на Финансискиот Ферплеј.  Тој во моментов е на одмор во Канада, заедно со неговиот добар пријател и бивши соиграч од деновите во Јувентус, Џорџо Киелини, каде заедно присуствуваа на Канадското Гран При во Монтреал. За овие шпекулации, капитенот на Милан даде кусо интервју за италијанскиот медиум Скај.

Фановите на Милан се загрижени за мојата иднина во клубот? Нема никаков проблем, да се надеваме дека шпекулациите кои кружат се веќе минато и дека ќе можеме во смирена атмосфера да градиме нешто важно.

Кон што цели Милан? Милан секако цели кон враќање во Лигата на Шампионите, враќање назад во трката и натпреварување за високи цели. Кој ќе го освои Светското Првенство во Русија? Мислам дека тоа ќе биде Аргентина. Навистина е голема штета да не се биде присутен во Русија..

За десетина дена, Милан ќе добие официјална потврда од страна на УЕФА, во врска со прекршувањето на Финансискиот Ферплеј и можноста за исфрлање од учество во Лига Европа.

 

You may also like

Leave a Comment