Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Четири дена по победата со 3-0 во купот, Милан повторно ќе се сретне со Верона, овој пат на Бентегоди во Верона, во рамките на италијанската Сериа А. На ден пред натпреварот, се одржа стандардната прес-конференција на Џенаро Гатузо. Во продолжение ви пренесуваме дел од изјавите на нашиот тренер.

Најпрво, би сакал да му посакам среќен роденден на овој величенствен фудбалски клуб. Горд сум што сум дел од него, иако јас бев само дел од овие 118 години.  Се чувствувам исклучително среќен што сум имал прилика да го носам овој дрес со кој сум освоил многу.

Се подобруваме во делот на креирање на играта. Сепак, сеуште треба да работиме на одбраната, а во средниот ред требада бидеме повеќе компактни и организирани како тим. Момците се многу посветени и желни да учествуваат во дискусиите кога ги анализираме претходните натпревари. Ова е многу важно, бидејќи ни овозможува да се движиме напред, заедно.

Утрешниот натпревар ќе биде сосема различен од оној во купот. Фановите на Верона се многу бучни и да играш на Бентегоди не е воопшто лесно. Ќе биде навистина тежок натпревар. Мора да бидеме гладни за игра и решителни. Не е страшно да се направи грешка, но мора да се корегираме по грешката. Таков тим сакам да видам утре.

Одбрав да продолжиме со 4 играчи во одбрана и мојот стручен штаб се сложи со тоа. Го гледав првото полувреме со Ријека и немаше ништо што ми се допаѓаше во врска со одбраната со 3 играчи. Всушност, ние се браневме со 5 играчи и тоа не ни правеше ништо добро. Не се консултирав со целиот тим (за смената на формацијата), зборев само со неколку играчи и решив да ја смениме формацијата.

Бонавентура е добар, физички и ментално. Како него, така и повеќето од неговите соиграчи се на добро ниво, што ме прави мене среќен. Хакан е играч со добри шутерски способности кој може да ни помогне многу. Сепак, се уште треба да работи на физичката состојба. Бонучи е како чекан и затоа има освоено толку многу. Неговата посветеност на тренинзите е просто неверојатна. Борини може да игра на секоја позиција. Речи му да брани и ќе го видиш како веќе почнал да ги облекува ракавиците. Тој никогаш не се откажува.