По победите против Болоња и Верона (во Kупот), навивачите на Милан се надеваат дека тимот ќе влезе во ритам и дека ќе врземе повеќе позитивни резултати во серија. „Гринтата“ на Рино беше очигледна на теренот во натпреварот од Копа Италија. Сега треба да се повтори истата игра против истиот противник со речиси истиот состав. Да, Гатузо не штедеше сили во последниот натпревар и иако стануваше збор за меч од Копа Италија, излезе со најдобрите во моментов. Сосема исправен потег со оглед на тоа дека самодовербата на играчите беше на најниско можно ниво, а самодовербата најдобро се подига со позитивни резултати.
Според најавите, Гатузо ќе продолжи со формација 4-3-3 и ќе одигра речиси со истите стартни 11. Се најавува Калиниќ како осамен во шпицот, придружуван од Борини и Сусо по крилата. Џек ќе продолжи како лева мецала во средниот ред. Остатакот од тимот се очекува да биде идентичен на оној од средата.
Бентегоди не е наивно место за играње и фановите на Верона знаат да направат бучна атмосфера, иако на последното гостување на тој стадион, против Киево, Курва Суд се претстави повеќе од солидно. Сепак, веќе се доведовме во непријатна ситуација и ако сакаме да напредуваме на табелата мораме да врземе повеќе победи во серија (особено при киксови на екипите кои се пред нас).
Се чувствува зголемена самодоверба кај момците, се чувствува и подобра креација во делот на нападот. Ако малку повеќе се внимава на неизнудени грешки во одбраната и во средниот ред, верувам дека нема да имаме проблеми.
Forza Milan!!!