Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Примавера тимот вчера одигра неверојатно интересен натпревар во четвртфиналето од младинскиот куп на Италија. После елиминацијата на Салернитана, Емполи и убедливата победа против Фиорентина во осминафиналето, момците на Алесандро Лупи успеаа да го елиминараат и младинскиот тим на Киево. Добрата форма од првенството, Примавера тимот ја пренесува и во Купот, чиј трофеј е цел на тренерот Лупи.

Првото полувреме воопшто не навестуваше неизвесност. Неинвентивна игра, затворена, со фокус на тактиката. Второто полувреме донесе комплетно различен тек на натпреварот. Најпрво Синани погоди во 66-тата минута за водство на Милан. На минута до крајот, во 89-тата, домаќините преку Педрони го израмнија резултатот и навестија продолженија. Дополнителни 30 минути имаше, но дотаму не се стигна со резултат 1-1. Звучи неверојатно, но двете екипи успеаа да постигнат гол во последните 2 минути од судиското продолжение од 5 минути. Франк Цаџут реализираше за Милан во 94-тата минута, за само минута подоцна Пољано возврати и мечот заврши со резултат 2-2.

Брзото темпо од последните неколку минути се преслика и во првото продолжение до 15 минути. Капитенот Ел Хилали по третпат го донеси Милан во водство со голот во 95-тата минута. Тоа беше и последен гол на мечот, иако интензивната борба продолжи до истекот на крајните 120 минути. Херојска победа за момците на Лупи и пласман во полуфиналето од Примавера Купот. Таму ги очекува Аталанта, една од традиционално најсилните екипи во младинска конкуренција и лидер во првенството. Полуфиналниот двомеч е закажан за 24 и 31 јануари. Во второто полуфинале ќе се сретнат Торино и Рома. Милан двапати го има освоено младинскиот куп на Италија, а последен пат тоа се случи во сезоната 2009-10.