Џенаро Гатузо ќе го има дебито во европските купови како тренер на Милан на гостувањето во Хрватска, кај Ријека. Натпреварот за Милан ќе нема никакво резултатско значење, но исходот нема да биде комплетно во втор план, особено за Гатузо, после неуспешниот старт и ремито кај фенерџијата Беневенто. Слична ситуација и кај домаќинот, со оглед на тоа што немаат шанса за пробив до второто место, дури и со победа над фаворитот утре. Првиот натпревар заврши со 3-2 за Милан, со голот за победа на Кутроне во продолжениот на натпреварот.
Очекувано, во тимот се повикани неколку младинци, уште повеќе што веројатно не постои човек во клубот што подобро ги познава способностите на момците од Примавера составот. На сметка на тоа, некои од стандардните првотимци ќе бидат поштедени на утрешниот натпревар. Ова се 19-те играчи кои Гатузо ги селектираше за патувањето во Ријека:
Голмани: А. Донарума, Гуарноне, Сторари;
Одбрана: Абате, Антонели, Бонучи, Калабрија, Мусакио, Палета, Ромањоли, Запата;
Среден ред: Биља, Габиа, Локатели, Монтоливо, Занелато;
Напад: Кутроне, Форте, Андре Силва.