Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Милано е црвено-црно! Милан го доби дербито во Купот на Италија со голот на Патрик Кутроне, откако во регуларниот дел натпреварот заврши без голови 0-0. По натпреварот, тренерот Гатузо, како и Кутроне, А. Донарума и Биглиа дадоа свои видувања за случувањата на теренот. Во продолжение ви пренесуваме дел од нивните изјави.

ЏЕНАРО ГАТУЗО:

Без пораз на Сан Сиро кога е присутен претседателот Ли? Не му дозволувајте да си замине. Шегата на страна, овој тим има одлични квалитети. Од дефанзивна гледна точка, прикажавме добра игра и освоивме многу топки, но се уште треба да се работи. Овој Милан ме потсети на оној Милан од првиот дел на сезоната 2006/07, кога губевме од сите но се вративме во игра откако менаџментот реши да не однесе на Малта. Очигледно е дека момците се трудат во секој дел од натпреварот, но тоа сепак не е доволно бидејќи на физички и психички план се уште не сме на потребното ниво.

За момците Дербито беше подеднакво важно како и дишење. Победата не ги менува работите, но е значајно зајакнување на моралот. Сега ќе може да работиме посмирено и да се фокусираме на победа и три бода во Фиренца. Од кога сум тука, Чалханоглу работи напорно, без ниту еден пропуштен тренинг. Исто така, сакам да го потенцирам настапот на Биглиа, кој покажа дека станува збор за навистина талентиран играч. Според мене, тој беше еден од најдобрите играчи на теренот.

ПАТРИК КУТРОНЕ:

Ова беше една неверојатна емоција. Дефинитивно, мојот најдобар гол досега. Беше исклучително важно да се победи, а Дерби натпреварите никогаш не се само еден обичен натпревар. Ние секогаш работевме напорно и денес одигравме како тим, заедно со замените кои дадоа се од себе за победа. Гатузо? Направи неколку корекции, не охрабри и побара од нас да победиме. Да не се залетуваме, си ги знаеме нашите квалитети. Да ја искористиме оваа вечер и оваа победа за нов почеток. Јас секогаш сакам да му помогнам на тимот, без разлика дали сум стартер или влегувам од клупата за резерви. Среќен сум доколку заиграм, но секогаш ќе бидам спремен!

ЛУКАС БИГЛИА:

Се надевам дека мојата сезона во Милан започнува денес. Ова беше важна победа, за да ги оставиме негативните резултати позади нас и да продолжиме да работиме заедно со тренерот. Ова беше важен натпревар, но сепак, ништо не сме освоиле, а веќе не чека тежок натпревар во сабота. Целиот тим одигра добро. Се надеваме дека ќе стигнеме до крај во Купот и дека полека ќе се качуваме нагоре во лигата, бидејќи тоа ни е потребно. Но сега, целосен фокус на Фиорентина!

АНТОНИО ДОНАРУМА:

Секогаш го давав максимумот на тренинг без многу зборување. Напорната работа се исплати и за среќа се помина во најдобар ред. Не можев да сонувам за подобро деби. Подобро од ова е невозможно. Сакав да ја искористам приликата која ми се укажа, се помина во најдобар ред, дури и одбраната по ударот на Жоао Марио. Денес, игравме како тим и оваа група е навистина силна.  Но сега, со истата желба и енергија, да се фокусираме на Фиорентина!