Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

by | Dec 27, 2017

Милан поминува низ еден турбулентен период во Серија А, ако може воопшто да се каже дека немало таков оваа сезона. Но, од друга страна пак, гледаме сосема солидно издание во другите натпреварувања. Групната фаза во Лига Европа Милан ја заврши на првото место, три победи, од кои две убедливи против Австрија Виена со 1-5 во гости и 5-1 дома, победа и против Ријека на Сан Сиро од 3-2. Две мачни утакмици против атински АЕК кои завршија идентично и без победник 0-0, а во последното коло, кое резултатски ништо не значеше, Милан запиша пораз од Ријека во гости со резултат од 2-0. Во купот на Италија во претходното коло, Милан ја декласраше Верона на Сан Сиро со 3-0, а само колку за споредба, очајна и неубедлива игра против истата таа Верона во Серија А и пораз со истиот резултат, само три дена подоцна.

Дали Милан ќе продолжи со добрите игри во другите натпреварувања, ќе видиме уште ова коло, кога на Сан Сиро ќе се игра градското дерби Милан-Интер. Прв реален противник во Тим Куп за Милан и шанса за спас на сезоната. Интер, кој одлично ја започна сезоната, нема победа веќе 4 натпревари, од кои последни два ги заврши со пораз од многу послабите Удинезе и Сасуоло, па ова е мотив повеќе за нашиот Милан да оствари победа и повторно да го обои Милано во неговите природни бои, црвената и црната!

Гатузо и за овој меч, како и против Верона, се одлучува за најслиниот расположлив состав во моментов. Биља, кој не беше во целосно физички спремен се враќа во првиот тим, а Локатели ќе го замени Монтоливо, кој пак имаше неколку неубедливи изданија во последните неколку натпревари. Откако Конти се повреди на подолг период, пак вечната дилема: Абате или Калабриа? Овојпат Гатузо се одлучи за Калабрија, кој покажува поголема желба и мотив.

Но Милан не би бил Милан ако не излезе некој проблем во последен момент. Така и овојпат, Џиџо Донарума има повреда на препоната и нема да биде достапен за составот на Гатузо, па повикан е голманот на Примавера, младиот Матео Сончин. Се очекува на негово место да стартува искусниот Марко Сторари. Ова претставува голем хендикеп за одбраната на Милан, но само на хартија, Џиџо веќе подолго време не е оној Џиџо од претходната сезона, еден од најдобрите и најперспективните голмани во светот, па оттаму можеби одморот и добро ќе дојде за младиот голман.

Нападот е сторија сама за себе. Со исклучок можеби на Сусо, кој и оваа година е моторот на Милан, летаргична игра низ цела сезона. На самото ова укажува и фактот дека Милан има упатено 317 удари кон противничките голови, што е повеќе од било кој тим во Серија А, а сепак реализацијата е очајна. Андре Силва никако да ја пронајде формата од групната фаза во ЛЕ и која ја има во репрезентативниот дрес, Калиниќ на повеќе пати беше во гол шанса, но не успеа да погоди. Кутроне има свои блесоци, се труди по целиот терен, па некако ми е нејасна одлуката на Гатузо повторно во шпицот на нападот да го постави Калиниќ.

Она што би додал на крај е дека сепак верувам во изборот на Гатузо и, како и самиот што кажа, очекувам Биља да блесне и да биде оној Биља од Лацио кој одлично ја префрла топката до напаѓачката линија, Калиниќ да биде оној од Фиорентина кој лани постигна четири погодоци против Интер, а Милан да биде Милан кој сите го знаеме од минатото!

МИЛАНО СМЕ САМО НИЕ! FORZA MILAN PER SEMPRE SARA!