Милан се во Сан Франциско,САД, каде се подготвуваат за новата сезона и за третиот натпревар од Интернационалниот Шампионски Куп, дуел против екипата на Барселона, меч кој ќе се одигра во сабота кон недела (2 часот, централно европско време). Хакан Чалханоглу и Пепе Реина вчера беа во посета на седиштето на Фејсбук и Инстаграм, каде Хакан даде интервју за МиланТВ и Скај Италија и говореше за разни теми, меѓу кои заминуањето на Бонучи и новите засилувања, Калдара и Игуаин.
Социјални медиуми? Мислам дека сум прилично ‘врзан‘ со социјалните медиуми, особено со Фејсбук и Инстаграм. Ми се допаѓа, бидејќи нашите фанови сакаат да видат што правиме во нашето слободно време, како се одвива нашиот приватен живот. Мене ми се допаѓа, бидејќи Инстаграм и Фејсбук ти овозможуваат контакти и конекции со многу повеќе луѓе.
Среќен сум што Игуаин и Калдара доаѓаат кај нас, но од друга страна, сум навистина тажен што Бонучи се враќа назад во Јувентус. Секако, го почитувам како личност, тој е навистина добар човек. Сепак, јас сум спремен да му помогнам и асистирам на Игуаин, се надевам дека ќе имаме добра конекција на теренот и дека ќе имаме успешна сезона.
Одигравме добри натпревари со Манчестер Јунајтед и Тотенхем, но загубивме а требаше да победиме, знаеме дека сме добар тим, играме добро и сезонава сакаме да бидеме подобри од минатата. Со Гатузо како тренер, ние го даваме нашиот максимум, знаеме дека можеме да бидеме подобри и сакаме да растеме и победуваме како тим. Мојата позиција? Овие два натпревари јас играв на позицијата на Бонавентура бидејќи тој беше повреден и да бидам искрен, ми се допадна. Позната ми е оваа позиција од претходно и мислам дека одиграв солидно во овие два натпревари, но ќе видиме што тренерот ќе одлучи. Јас сум спремен за било која позиција. Имаме квалитетни играчи но најважната работа е секогаш тимот и фактот дека мора да победуваме заедно.
Сакам да тренирам напорно за себе и за мојот тим. Морам да му дадам нешто на клубот бидејќи Милан е како фамилија за мене, тие беа со мене во моите најтешки моменти и затоа јас сакам да им возвратам на најдобар можен начин, затоа што јас го сакам Милан, ги сакам фановите и луѓето во Италија. Сакам да постигнувам повеќе голови, сакам да имам повеќе асистенции, дали биле тоа за Игуаин, Кутроне, Калиниќ или Силва, сите тие се добри играчи, а ќе видиме што ќе се случува оваа сезона.