Во еден навистина чуден и помалку луд натпревар, екипата на Милан успеа да ја совлада екипата на Дуделанж со резултат 5-2, откако во еден дел од натпреварот гостинската екипа водеше со резултат 1-2. Со ова, момците на Рино Гатузо ја завземаа втората позиција во групата Ф, еден бод помалку од лидерот Бетис. По натпреварот, на стандардната прес конференција, тренерот Рино Гатузо говореше за самиот натпревар, Лига Европа, следниот противник во италијанското првенство, како и за новото засилување, бразилецот Пакета.
Не постојат лесни натпревари. Овие тимови играат со добар интензитет и се мачат кон крајот на натпреварот. Нашите играчи треба да имаат континуитет. Ние почнавме да играме добро по примениот гол бидејќи го сменивме нашиот пристап кон натпреварот. Затоа, задоволен сум од реакцијата на тимот. Кога бевме во негатива, ние ги притискавме и трчавме брзо, тоа беше тотално спротивен пристап кон натпреварот. Можевме да одиграме многу подобро, но сепак јас сум задоволен со финалниот резултат.

Хосе Маури и Кристијан Запата по завршување на натпреварот Милан-Дуделанж, 29 ноември 2018
Среќен сум за Хосе Маури, сакав да му дадам шанса од почеток но на крај се предомислив и се решив да не менувам премногу во средниот ред. Тој е еден од оние играчи кои тренираат подобро во текот на неделата. Чалханоглу треба да постигнува повеќе голови бидејќи има навистина одлична шутирачка способност и одлична техника. Тој не чувствува повеќе болка во неговото стапало, па затоа треба му се заблагодариме бидејќи тој не беше 100% спремен за овој натпревар.

Патрик Кутроне и Хакан Чалханоглу во прослава по постигнување на гол на натпреварот Милан-Дуделанж, 29 ноември 2018
Пакета? Тој треба да пристигне за 12-13 дена, ќе остане тука во Милано за да се прилагоди на средината и да ги изврши своите медицински прегледи. Потоа, ќе се врати пак тука во јануари, на 2ри и 3ти. Ние се уште размислуваме за тоа на која позиција да го искористиме.

Играчите на Милан во прослава по постигнување на гол на натпреварот Милан-Дуделанж, 29 ноември 2018
Следен е натпреварот со Парма, па потоа ќе размислуваме за Олимпијакос. Се уште има време, сега ќе се фокусираме како да ги сопреме напаѓачите на Парма. Ако сакаме да играме со 4 играчи во одрбана, имаме само двајца штопери на располагање: Запата и Симиќ, а доколку се одлучиме за 3 играчи во одбрана, имаме повеќе опции на располагање. Најважно сега е да ги наполниме батериите и добро да се одмориме.