Пепе Реина летово направи трансфер од Наполи во Милан, без притоа росонерите да платат оштета со оглед на неговиот статус на слободен агент. Многумина не најдоа логика во потегот на шпанецот, особено што тој беше незаменлив на голот на наполетанците, а од друга страна премина во тим каде таква улога има младиот Џиџо Донарума. И покрај таквите околности, решението на Гатузо, барем досега во сезоната, е да го користи искусниот Реина во Лига Европа. Сепак, искуството на Пепе во соблекувалната значи многу за Милан и Гатузо е повеќе од среќен што го има во ростерот.
Синоќа Реина не успеа да ја зачува својата мрежа недопрена, откако прими гол по само 14 минути игра. Ударот на Гереро со глава беше толку прецизен што ретко кој голман би можел да го одбрани. Во остатокот од натпреварот, ветеранот имаше малку работа.
Натпреварите во Европа се секогаш комплицирани. Олимпијакос е тим што многу често игра во еврокуповите и тие се навикнати на вакви вечери. Во првото полувреме примивме гол од единствената шанса на противникот. Сепак, во вториот дел продолживме да напаѓаме и да ствараме шанси, па на крајот успеавме да го свртиме резултатот.

Кастиљехо, Кутроне, Родригез, Игуаин, Донарума, Кеси и Пепе Реина прославуваат по завршувањето на натпреварот Милан – Олимпијакос, 4 октомври 2018
Бевме креаивни и не се истрошивме премногу. Важно е да продолжиме да играме добро. Мора да бараме резултат во сите три натпреварувања сезонава. Кутроне? Да му дадеме време. Млад е и гризе, што е добро за тимот.

Пепе Реина, Алесио Ромањоли, Тиму Бакајоко и Сусо ги поздравуваат фановите по последниот свиреж на судијата на натпреварот Милан – Олимпијакос, 4 октомври 2018
Јас пробувам да му помогнам на тимот и кога играм и кога сум на клупа. Малку ми е невообичаено да не сум стандарден на голот, но секој играч мора да ја прифати својата улога и одлуката на тренерот. Треба да работам уште понапорно за да имам шанса покрај Џиџо, но и за да му помогнам нему да расте како голман.

Пепе Реина во акција за време на натпреварот Милан – Олимпијакос, 4 октомври 2018