Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

По безболниот пораз во Хрватска, тимот на Рино Гатузо се враќа на мечевите во Сериа А и тоа против Болоња на Роберто Донадони. Во продолжение ќе ви пренесеме дел од стандардната прес-конференција на Гатузо, пред натпреварот со Болоња:

Го познавам Роберто Донадони многу добро. Имам голема почит кон него затоа што секогаш ти кажува она што го мисли и затоа што е многу добро подготвен тренер. Мора да бидеме претпазливи со Болоња. Она што се случи во четвртокот може да му се случи на секој во фудбалот. Сакам да видам реакција од мојот тим, после приземјувањето во Хрватска.

Деби на Сан Сиро? Моите лични чувства се во втор план, во однос на тимот и клубот. Секако, ќе биде емоционален момент но нема да трае повеќе од неколку минути, а потоа ќе се фокусирам само на мечот и победата. Утре имаме потреба од нашите фанови. Овие момци имаат потреба од гледачите на Сан Сиро!

Промена во 4-3-3? Ќе видиме. Јас мислам дека ни треба малку време за да играме добро со 3 играчи во одбрана, но за да го извадиме максимумот од играчите, мора нешто да промениме. Ова не значи дека Монтела и неговиот тим направиле грешка. Да победевме со Беневенто, никој немаше да го коментира поразот во Ријека. Мора да се подобриме физички и психички и фактот дека некои играчи не се на потребното ниво не треба да биде алиби. Потребно е да се бодриме едни со други и да веруваме. Најмногу од се, потребни ни се победи.

Андре Силва има одлични квалитети и јас гледам што прави на тренинзите. Очекувам повеќе од него, а и од сите други играчи бидејќи сите тие се навистина добри играчи. Хакан заработи повреда само што дојдов тука. Зборувам со него секој ден и јас мислам дека има одлични квалитети. Тренира напорно и можно е да се врати порано од очекувањата.

Нормално е дека работите не може да се сменат за 10-15 дена. Ни треба месец, месец ипол. Но и покрај тоа, ние мора да победуваме дома. Раководството секогаш ме поддржувало. Имавме неколку проблеми во изминатите два натпревари, но моите играчи изгледаат спремни и полни со желба. Кога започнав да го водам Примавера тимот ние немавме добар старт на сезоната, но успеавме да ги свртиме работите во наша полза. Јас сум сигурен дека со тек на време, ќе го направиме истото и тука.