Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Деновиве Милан го доби својот прв регионален партнер во Азија, а тоа е кинската компанија за онлајн обложување ВВин (VWin). Милан и ВВин ќе работат заедно на специјализирани маркетинг кампањи за промоција на клубот како бренд на азискиот пазар.

Спонзорскиот договор со ВВин беше потпишан на почеокот на неделава и е со важност до 2020 година. Кинеската платформа за онлајн обложување, една од најголемите од тој вид во Азија, ќе биде првиот регионален спонзор и партнер. Тоа е дел од новината во клубот која беше воведена од новиот менаџмент, а поврзана со амбицијата за раст на приходите од маркетинг на пазарите во Азија, особено во Кина. Заедничката цел на Милан и ВВин е дополнително развивање на брендот со помош на разновидни маркетинг и промотивни алатки. Кинеската компанија со тоа добива право за користење на логото и името на Милан на сопствените сервиси за обложување, преку што се очекува зголемување на присуството и свесноста за клубот насекаде низ Азија.

Договорот беше потпишан од страна на оперативниот директор на ВВин и комерцијалниот директор на Милан.

“Навистина сме возбудени од оваа соработка со Милан и лично сум убеден дека ова ќе биде една успешна и долгорична соработка за двете страни. Едвај чекаме на почетокот на заедничката иднина која доаѓа.” – изјави г-дин Ерик.

“Горди сме да примиме бренд како ВВин во нашето семејство на партнери. Како што знаете, ВВин е гигант до облужувачката индустија во Азија. Тие ќе бидат нашите први регионални партнери на континентот. Овој договор за нас како клуб значи особено важен чекор во развивањето на комерцијалната стратегија на клучен пазар како азискиот. ” – рече г-дин Џорџети.