Демант на Претседателот Јонгхонг Ли

by admin

Претседателот на Милан, Јонгхонг Ли, денес објави демант на шпекулациите кои се појавија деновиве во врска со истрагата за перење на пари од страна на претходниот сопственик на Милан, компанијата Фининвест. Во продолжение е целосниот демант:

“Написите кои беа објавени во претходните неколку денови низ италијанските медиуми, најпрво во Ла Стампа и Ил Секоло XIX, а потоа и низ останатите медиуми, а во врска со наводна истрага за перење на пари од страна на групацијата Фининвест (кои подоцна беа негирани од канцеларијата на Јавнииот обвинител), ме повлекоа да ја разјаснам ситуацијата, како една од инволвираните страни. Процесот на купување на Милан беше спроведен со целосна транспарентност и комплетно во согласност со постоечката регулатива, со поддршка и советување од меѓународни финансиски и правни консултанти. Сите процедури беа изведени согласно законите и позитивните практики кои се во сила. Сите финансиски институции, спортски организации и надлежни институции вклучени во процесот ја добија целата потребна документација, со цел оценување и одобрување на продажбата, но и детали за компанијата која е нов сопственик на клубот. Тоа што го прочитав изминатите неколку денови, навистина не ја отсликува реалноста. Затоа, компанијата со која јас претседавам, но и јас лично, како оштетени страни на оваа несреќна и неприфатлива медиумска кампања базирана на шпекулации и неточни информации, ќе ги разгледаме сите опции и доколку најдеме за сходно, ќе превземеме правни активности во насока на заштита на имиџот, репутацијата и финансиската стабилност на Милан и компанијата позади клубот.”

 

You may also like

Leave a Comment