Приказната околу користењето на Сан Сиро од двата милански клуба Милан и Интер повторно се разгоре на почетокот на оваа година. Милан и Интер во минатото на повеќе пати имаа средби околу ова прашање и од 2015 година ставот на Милан беше дека сака да игра на сопствен стадион. Дури беше изработен и предлог проект за стадионот, но набргу потоа Милан се откажа од плановите за градење на нов, модерен и сопствен стадион.
Во мај минатата година, отакако Милан го промени сопствеништвото и кинеската компанија Росонери Спорт Инвестемент Лукс го превзеде Милан, прашањето за градење и играње на сопствен стадион повторно стана актуелно. Сепак, новиот менаџмент немаше ништо конкретно изјавено на оваа тема.
На 9-ти јануари оваа година, градоначалникот на Милано, Џузепе Сала зборуваше пред новинарите. Тој изјави дека би било идеално ако Милан и Интер работат заедно по ова прашање. Но исто така посочи дека од Милан разгледуваат и други опции, односно размислуваат да градат сопствен стадион и дека ќе им треба време убаво да размислат што ќе прават. Тој додаде дека лично преферира да останат на Сан Сиро. Градоначалникот Сала отиде дотаму што спомена и локации каде би можело да биде изграден новиот стадион:
На челниците од Милан им претставивме повеќе локации кои сметаме дека се погодни за изградба на нов стадион, особено во југоисточниот дел од градот како Рогоредо и Порто ди Маре.
Сметам дека Милан има потреба од два до три месеци да размисли, но потоа ќе треба да ни даде одговор. Локациите кои ги предложивме се во предградијата (поодалечените делови) на Милано, но се инфраструктурно добро поврзани. Тешко е да се замисли уште еден стадион во центарот на градот.
Тој исто така изјави дека за Милан, за туристите, за навивачите е есенцијално Сан Сиро да се реновира и Милан како клуб треба да инвестира во тој зафат. Истото ова се однесува и на Интер бидејќи Сан Сиро е стадион на сите од Милано.
На сето ова, од Милан изјавија дека клубот никогаш не изразил желба да си оди од Сан Сиро. Но, за својата иднина, Милан смета дека треба да игра на сопствен стадион, а не да го дели со друг клуб. Решението за идните спортски објетни на миланските клубови може да се донесе само со договор на сите инволвирани страни. Поради оваа причина, Милан, заедно со Градскиот совет, започнаа серија состаноци разгледувајќи ги областите кои се достапни за нов стадион, но имајќи го во предвид и значењето на Сан Сиро и можното реновирање на стадионот.