Ромањоли: Задоволни од нашето издание на турнеата во САД

by Daniel

Милан ја завршија турнеата во САД со победа над Барселона во Интернационалниот Шампионски Куп. Росонерите беа далеку од квалитетни во дуелот против каталонците и беа доминирани во текот на целиот натпревар од страна на резевниот и младински тим на Барселона. Сепак, Милан успеа да го зачува својот гол благодарение на фантастичните одбрани на младиот Џанлуиџи Донарума и на голот на Андре Силва во последните секунди од натпреварот. За своето фантастично издание, Џиџо Донарума беше прогласен за ‘Најкорисен Играч на Натпреварот’. По натпреварот, Донарума и капитенот на Милан на мечот со Барселона, Алесио Ромањоли, дадоа свое размислување за мечот како и за останатите работи кои го опкружуваат Милан ова лето.

 

ДОНАРУМА

Честитки до тимот кој никогаш не се откажа и успеа да постигне победнички гол во последните моменти од натпреварот, ова е победа за тимската игра. Знаевме дека Барселона ќе игра на овој начин, со посед на топката во своја корист и со брзи додавања, но успеавме да ги задржиме. Пепе Реина? Покрај соиграч, тој е и  мој добар пријател. Тренираме добро, се шегуваме еден со друг, ние сме навистина добар голмански тандем. Турнеата во САД? Се помина во најдобар ред, трениравме напорно и мислам дека се подготвени за почетокот на новата сезона.

Џанлуиџи Донарума со трофејот за ‘Најкорисен Играч на Натпреварот’ за натпреварот Барселона-Милан на стадионот Леви, 5ти август 2018 година.

 

РОМАЊОЛИ

Мислам дека можеме да бидеме задоволни од нашето издание на овие три натпревари во рамките на Интернационалниот Шампионски Куп. Секако, секогаш има простор за напредок но ние сме среќни што игравме тука. Сега следи мечот против Реал Мадрид и по тоа мислам дека ќе бидеме подготвени за првенството. Подобрувања во одбраната? Работиме напорно на одбраната, мислам дека е навистина добро да се игра против вака квалитетни тимови. Игравме против резервите на Барселона, но сепак не дозволивме да примиме гол. Имавме потешкотии со нивната игра базирана на посед, но бевме квалитетни во одбраната и успеавме да го добиеме натпреварот.

Алесио Ромањоли и Мунир Ел Хадади за време на пријателскиот натпревар Барселона-Милан на стадионот Леви, 5ти август 2018 година.

Мусакио? Со него играм навистина добро, тој е силен одбранбен играч. Заминувањето на Бонучи? Лео е силен играч и нормално е сите да сакаат да играат со него, но тој ја донесе својата одлука, а ние имаме доволно силни играчи за да го покријат неговото отсуство. Калдара? Го знам Матиа од репрезентацијата, се познаваме добро еден со друг. Игуаин? Тој е еден од најсилните напаѓачи во светот, добро е да го имате во својот тим. Да се надеваме дека тој ќе ги исполни очекувањата. Гонзало е феноменален играч и ние сме среќни што го имаме во нашиот тим.

 

You may also like

Leave a Comment