Луд натпревар и трилер завршница во Удине. Втор меч во низа, момците на Рино Гатузо успеваат да забележат победа во последните моменти од натпреварот, одновно благодарение на голот на капитенот Алесио Ромањоли, со кој Милан го совлада Удинезе со резултат 0-1. По натпреварот, капитенот говореше пред камерите на Скај, а во продолжение ќе ви пренесеме дел од неговото интервју.
Јас секогаш се трудам да го дадам својот максимум и се надевам дека ќе продолжиме со истово темпо. Можеби сме поодлучни, порешителни во однос на минатите натпревари, каде дозволивме премногу киксови на дуелите со Каљари, Емполи и Аталанта. Ние сме обединети и мотивирани до максимум, па од таму сме решени да се бориме до крај.

Пепе Реина, Патрик Кутроне и Алесио Ромањоли во прослава по постигнатиот гол на Ромањоли на натпреварот Удинезе-Милан, 4 ноември 2018
Овде, во овој клуб, нема прв или втор избор на играчи. Овде сите ние играме за овој голем клуб и сакаме да го дадеме својот максимум. Ова беше еден одличен натпревар, имавме потешкотии во првото полувреме, но како одминуваше времето станувавме се подобри и подобри и на крај успеавме да ги освоиме трите бода.

Алесио Ромањоли, Патрик Кутроне и Тиму Бакајоко во прослава по постигнатиот гол на Ромањоли на натпреварот Удинезе-Милан, 4 Ноември 2018
Ова е можеби мојот најдобар период клубот, но се надевам дека најдоброто допрва доаѓа. Лигата на Шампиони? Реално, се уште е рано да се дискутира за тоа. Јувентус? Прво треба да се фокусираме на Бетис, а дури потоа на Јувентус.

Патрик Кутроне и Алесио Ромањоли во прослава пред Курва Суд по постигнувањето на голот на Ромањоли на натпреварот Удинезе-Милан, 4 ноември 2018