Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Сајтот Милан Њуз (MilanNews.it) откри некои исклучително важни детали од вчерашниот состанок на извршниот директор Марко Фасоне со акционирите на клубот. Се разговарало за идните планови на Милан во неколку сфери, а во продолжение се најважните поенти.

 

РЕФИНАНСИРАЊЕ НА ДОЛГОТ

Клубот ќе изработи план за рефинансирање на долгот и ќе го достави до кинеските сопственици во рок од 30 до 40 дена. Рефинансирањето на долгот на клубот е поприлично едноставна операција, додека личниот долг кој го има сопственикот Јонгхонг Ли, направен за потребите на клубот, е нешто покомплексна задача.

 

ДОГОВОР СО УЕФА

На состанокот одржан во Нион пред две недели, Давид Хан Ли ги осигурал претставниците на УЕФА во исправноста и изводливоста на предлогот на Милан. Одговорот од УЕФА во врска со Спогодбата меѓу двете страни би требало да пристигне кон крајот на мај.

 

ЛЕТНО МЕРКАТО

Според извештајот на Милан Њуз, нема никакви проблеми со летниот трансфер период кој следи. Фондот Елиот ќе му помогне на Милан, со тоа што ќе има право на повлекување и назначување на друг субјект на нивно место во иднина (нов делумен сопственик, на кого би им ги продале уделите во клубот). Елиот ќе пласира нова обврзница со цел рефинансирање на долгот, како што било договорено на вчерашниот состанок.

Стратегијата за трансфер периодот би била поразлична од минатот лето, со тоа што клубот би таргетирал поискусни играчи. Наводно, не постои потреба да се продава ниедна од ѕвездите во тимот заради пополнување на трансфер буџетот, туку евентуалната продажба на играчи би била инспирирана исклучиво од спортски причини. Милан нема ниту да го намалува буџетот за плати, бидејќи тоа би можело да значи намалување на шансите за привелкување на играчи од светска класа.

 

БУЏЕТ

Загубите на клубот до овој момент се помеѓу 80 и 90 милиони евра. Целта на менаџментот е тие да се намалат на 55-60 милиони во следниот буџет, со цел клубот да се приближи до дозволениот минус од 30 милиони наметнат до УЕФА, како таргет за достигнување во период од 3 години. Сепак, во случај кога Милан би се квалификувал во Лигата на Шампионите во сезоната 2018-19, клубот би можел да биде на “позитивна нула” веќе наредната сезона.