Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

После 6 натпревари без победа, Милан конечно ги запиша трите бодови од гостувањето во Болоња. На Ренато Далара, со резултат од 2-1, Милан успеа да ја победи Болоња и конечно да се врати на победничката патека.

После натпреварот, свои изјави пред новинарите дадоа тренерот Гатузо, Локатели и Чалханоглу.

ГАТУЗО:

Тоа беше тежок натпревар. Се обидовме да ја движиме топката по теренот и да го задржиме поседот, но тие беа добро подготвени. Натпреварот се промени кога почнавме да бидеме подиректни, кога Сусо Кеси и Кутроне почнаа да превземаат ризици и послободно да играат. Имавме 4-5 чисти шанси, требаше порано да ја затвориме утакмицата. После поразот од Беневенто, имавме тешка недела во Миланело. Атмостверата беше загрижувачка, но сега тоа е зад нас. Мораме да продолжиме да се подобруваме.

Мораме да продолжиме да крираме шанси за гол, а ќе дојде време кога тие шанси ќе ги реализираме. Мораме да се подобриме тука, мораме да ги користиме шансите. Доколку не го затворите натпреварот на време, вие му давате можност на вашиот противник да се врати во игра. Сега за сега, Кутроне е добар на теренот, така беше и овој натпревар, после при крајот одлучив да го внесам Калиниќ во игра. Сепак, сега победивме после многу тешка недела.

Аталанта? Во моментов, ние размислуваме само за следниот натпревар. Мора да ја вратиме енергијата, бидејќи, како што имам кажано на повеќе наврати, имаме проблеми во физичката подготвеност. Прво играме со Верона, па финалето на Купот со Јувентус, а потоа Аталанта.

ЧАЛХАНОГЛУ:

Јас секогаш сакам да победувами денес се вративме на победничката патека благодарејќи на доброто прво полувреме. Ние можевме да го одиграме подобро целиот натпревар, но тоа не е секогаш лесно, особено со оглед на тоа каков период имавме. Играм добро поктрај Џек и Сусо и драго ми е што постигнав погодок, но веќе сум фокусиран на следните натпревари. Не очекува тежок период.

ЛОКАТЕЛИ:

Ова беше многу важна победа за нас, особено после киксот и лошиот резултат против Беневенто. Можевме да победиме со 4-0, но тоа сега и не е толку важно, важно е дека ги однесовнме сите 3 бода дома. Оваа победа беше многу важна за нас, секако ќе влијае на зајакнување на моралот на тимот. Имаме уште 4 натпревари до крај и мораме да ги победиме сите. Ние никогаш нема да се откажеме!