Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Со оглед на ограничувањата кои произлегуваат од Финансискиот Фер Плеј, менаџментот на Милан деновиве поинтензивно работи на ослободување на дел од ростерот. Како што истакна спортскиот директор Леонардо вчера на пресот при презентацијата на Паоло Малдини, на клубот му требаат дополнителни приходи, за да може да донесе уште некое засилување ова лето. Но не се само парите причина за можните заминувања од Милан. Некои од играчите едноставно бараат нова средина заради несигурниот статус во тимот после ова турбулентно лето.

Никола Калиниќ е многу блиску до преселба во Атлетико Мадрид. Моментални опции се: позајмица со обврска за купување за износ помеѓу 15 и 20 милиони или моментална продажба, но за тоа Милан би добил најмногу 15 милиони евра.

Андре Силва е еден од играчите што може позначително да го наполни буџетот на Милан. Неколку шпански весници известуваат дека можна е преселба на портгуалецот во Севиља преку формулата за позајмица со опција за купување на крајот на сезоната.

Арсенал и ПСЖ пројавиле интерес за Рикардо Родригез. Швајцарецот е среќен во Милан и тоа го напомена неколку пати во последните недели, но Арсенал има сериозни проблеми на левата бековска позиција после повредите на Монреал и Колашинац и е спремен да плати 30 милиони. ПСЖ, како и секогаш, нуди повеќе од конкурентите – во овој случај 40 милиони евра.

Со доаѓањето на Иван Стриниќ, Антонели стана трета опција на лев бек и тоа го натера да разгледува понуди. Неколку помали италијански клубови се заинтересирани за него, но во прв план Парма, Болоња и Џенова.