Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Главниот доктор на Милан, доктор Мелегати зборуваше за состојбата со повредените играчи: Андреа Конти, Рикардо Родригез и Марко Сторари.

Родригез имаше силна стомачна болка во текот на вечерта, за која беше неопходна медицинска грижа. Се опоравува добро, но нормално, се уште се чувствува истоштено, така што, мојата препорака за стручниот штаб беше да не го вклучуваат во групата која ќе патува за Удине во сабота. Тој ќе биде фит и подготвен да продолжи со редовни и целосни тренинзи од понеделник.

Опоравувањето на Андреа оди одлично. Ние сме многу задоволни, а тој уште повеќе, со оглед на тоа што самиот може да види како напредува со секој изминат ден. Наскоро ќе се приклучи на екипата со редовни тренинзи и тоа според нас е клучниот чекор во овој процес на заздравување, како од медицински, така и од спортски аспект. Ако се’ се одвива според планот, тој ќе се врати во тимот за кратко.

И заздравувањето на Марко Сторари одлично напредува. За среќа процесот се одвива како што очекувавме. Датумот за неговото враќање останува истиот. Веќе поминаа 40 дена од неговата повреда, така што во следните неколку дена ќе направиме уште еден магнетен тест кој ќе ни даде конкретни информации за тоа кога точно Марко ќе се врати со редновни тренинзи.

Милан во недела во 15:00ч гостува на Фриули кај Удинезе, а освен тројцата повредени играчи, Гатузо нема никакви проблеми со суспендирани играчи. Росонерите очекуваат продолжување на успешната серија од три победи во низа