Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

По низата неповолни резултати на домашен терен го пречекуваме Беневентно, тимот кој без сомнение ни го нанесе најголемиот срам оваа сезона, па убедлива победа вечер е единствената опција која ја имаат момците на Гатузо.
Во изминатите 5 натпревари нашиот тим не забележа ниту една победа и тоа драстично ги намали и онака малите шанси за Лигата на Шампионите па затоа до крајот на сезоната ќе мораме да се фокусираме на пласманот во Лига Европа.
Лошите резултати и не толку добрите изданија против Сасуоло и Торино беа и повеќе од доволни за нашите конкуренти за 4-тото место да се одвојат на разлика од 10 бодови, која според нас, на крајот ќе биде и повеќе од доволна за нашиот сон да заврши.

Пред овој натпревар проблемите со кои се соочува нашиот тренер се прошируваат па затоа на листата на повредени играчи е и Хакан Чалханоглу и затоа според сите медиуми се очекува во наредиот период до крајот на сезоната да имаме промени во формацијата, која од 4-3-3 ќе се трансформира во 4-4-2.
Хакан беше доста важен играч за тимот, еден од најкреативните и неговото отсуство секако ќе биде голем удар за овој тим со оглед на недостигот на квалитетни замени оваа сезона.
Другите двајца повредени играчи се Ромањоли и Конти но Гатузо на тие позиции има далеку подобар и поширок избор па главоболката е во секој случај помала.

Со промената на формацијата доаѓаат и промените во нападот, па така желбата на сите фанови да ги гледаат Силва и Кутроне заедно станува реалност и очекувањата од нив за овој меч се огромни и би било вистинско разочарување доколку ниеден од нив не се запише во листата на стрелците.
Друго изненадување во составот е тоа што на местото на Сусо се очекува да стартува Борини но гледајќи ја формата во последните неколку месеци на шпанецот, неговата (не)ефикасност сезонава и шпекулациите за негово заминување ова лето одлуката на Гатузо да го одмори е очекувана и оправдана.
Во одбраната работите остануваат непроменети па на место на повредениот Алесио Ромањоли, како партнер на Бонучи, се очекува да стартува Запата, кој упорно сезонава во секоја прилика добива повеќе доверба од Мусакио.

За крај би сакал да потенцирам дека натпреварот вечер нема да е воопшто лесен, нашиот противник во втората полусезона игра одлично со големите екипи од Италија и доколку го потцениме ризикуваме да ни се случи реприза на првиот натпревар оваа сезона.
Момците мораат да влезат мотивирано и без респект да го решат овој натпревар уште во првото полувреме бидејќи фановите кои го полнат Сан Сиро секоја недела не заслужуваат уште едно понижување сезонава!

Forza Milan e Andiamo ragazi!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!