Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

by | Nov 23, 2017

Милан вечерва го игра претпоследниот натпревар од групната фаза на ЛЕ, на домашен терен против Австрија Виена. Тоа е екипата која поприлично лесно и убедливо ја победивме на увертирата од нашата прва европска сезона по неколкугодишната пауза. И логично, кога некого ќе победите со 5-1 на гости, нема дилеми какви се очекувањата од домашниот натпревар. Уште повеќе што на Милан му треба позитивен резултат после поразот во Неапол последниот викенд.

Поточно, на Милан му треба низа од позитивни резултати. За среќа, распоредот до крајот на годината го дозволува тоа, поволен е. Во следните месец дена, Милан ќе има 5 натпревари во Серие А и 2 во ЛЕ, но сите со противници се позади Милан на табелата или се објективно послаби екипи. И ова веројатно е последнта шасна, последниот воз за тимот кон повисоките цели кои беа поставени на почетокот на сезоната.

Што се однесува на Лига Европа, колку и да беше разочарувачки стартот на првенството и моменталната форма на екипа, веројатно не постои ниту еден навивач кој се посомнева во прогресот на Милан кон елиминационата фаза. Две победи на стартот, па два нерешени резултати против грчки АЕК, за комотна предност на Милан од 4 бода во однос на денешниот противник. Со победа, Милан е во следната фаза и тоа најверојатно како првопласиран во групата. А тоа не е сеедно со оглед на фактот дека, на овој потежок пат кон ЛШ ќе мора да се судриме со оние квалитетни тимови кои на пролет ЛШ ќе ја заменат со ЛЕ, а тука кружат имиња на гиганти како Дортмунд, Наполи, Атлетико Мадрид… Ќе биде пеколно тешко и дури и cо драcтично подобрена форма, ќе ни треба и cреќа.

Монтела за вечерва повика 20 играчи. На располагање ќе биде скоро целиот прв тим. Најзначајно отсуство ќе биде тоа на Сусо, бидејќи тренерот не сака да ризикува со него и преферира да го има на располагање за натпреварот против Торино во недела. Според очекувањата на медиумите низ Италија, повторно ќе cтартуваме cо Родригез на стопер. Јacно ми е дека Монтела cака да има повеќе играчи кои ќе баратаат cо топка, но cметам дека премногу форcира некои работи. Во cредината, повеќе или помалку очекувано, со Кеси и Биља, пред нив Хакан, а на крилата Џек и Борини. Напред би требало да се најде тандемот Андре Cилва и Кутроне.

Во некои претходни подобри времиња немаше ни потреба да cе трошат зборови за вакви мечеви. Cе надевам дека нема да има потреба ниту денеc.

P.Ѕ. Рики Кака приcтигна во Милано!