Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Ново гостување на репертоарот овој калчо викенд но овој пат на Сардинија кај Каљари, меч во кој единствена опција за нас е победа и ништо друго.
Конечно паузата за репрезентативни обврски е завршена па нашиот тим ќе може комплетно да се фокусира на предизвиците кои следуваат – Серија А и Лига Европа.
Кога сме на тема репрезентативни обврски единствена лоша работа овој пат е повредата на Патрик Кутроне, поради која тој ќе го пропушти овој меч со Каљари но за среќа повредата не е од сериозен карактер па тој ќе биде достапен во четврток за првиот дуел од Лигата на Европа.

Гатузо за овој меч се очекува да стартува со истите 11-мина кои настапија и одлично одиграа во дербито со Рома па доколку се повтори истата игра и пожртвуваност на играчите тогаш не би требало да имаат никаков проблем против екипата на Каљари.
Опасноста кон нашиот гол овој меч освен од Барела ќе доаѓа и од незгодниот Паволети па нашиот тим ќе мора да покаже карактер и добра игра со цел 3-те бода од ова гостување да бидат наши и уште од самиот старт на сезоната да држиме чекор со тимовите кои ќе се борат за првите 4 места во Италија.
Каљари на својот претходен меч успеа да ја победи Аталанта па затоа нашите момци ќе мораат овој меч да го сфатат крајно сериозно и ќе мора да одиграат на високо ниво во текот на сите 90 минути, без нагли падови на концентрација во второто полувреме и без премногу грешки во средината и одбраната.

Истиот состав кој лесно ја издоминира Рома во Милано е и повеќе од доволен за рутинирано и без многу проблеми да се вратиме со цел плен од Сардинија.
Исто така сите сме во исчекување на првенецот на Игуаин во црвено-црниот дрес па во пресрет на овој меч се појави статистика која вели дека омилена “жртва” на Гонзало се токму Каљари.
Игуаин на 7 меча против Каљари има постигнато 6 погодоци па ова е прекрасна прилика да ја продолжи таа низа и да не израдува со првиот погодок за Милан во оваа нова сезона во Италија.

Вечерва во 20.30ч не очекува пекол на преполниот стадион во Сардинија, каде нашите момци ќе мораат одново да се докажат, да покажат напредок во играта и да ги освојат 3-те бодови, а ние ве очекуваме во “Плеј Кафе” на ул.Македонија во што поголем број со многу пиво и желба за заедничко славје!

Forza Milan!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!